Спортските организации кои го практикуваат СТМ се и стратешки и целно насочени кон тоа како треба да го пронајдат, привлечат, селектираат, тренираат, развиваат, задржат, промовираат и движат талентот низ организацијата.
Истржувањата спроведени за утврдување на вредноста на имплементираниот Спортски Талент Менаџмент Систем во спортските организации, постојано откриваат бенефити во сите критични области на функционирање:
· развој,
· задоволство на навивачите,
· квалитет,
· продуктивност,
· цена, време на производство (создавање на потребниот талент) и
· пазарна капитализација.
Целта на овој поперсонален, поблизок, поприфатлив пристап, е не само пронаоѓање на најквалификуваниот и највредниот талент, туку значајно насочување кон ретенцијата на тој талент.
Со оглед на тоа дека иницијалниот процес на ангажирање на нов талент е особено скап за спортските организации, од голема важност е да се постави индивидуата на позиција на која нејзините способности ќе можат во значително голема мера да бидат искористени.
Терминот спортски талент менаџмент има различно значење за различни спортски организации. За некои тоа се однесува на менаџирањето на високовредните индивидуалци односно талентираните, додека за други се однесува на тоа како талентот се менаџира генерално – поточно се базира на претпоставката дека сите луѓе поседуваат талент кој треба да биде откриен и ослободен (применет) во пракса.
Од гледна точка на спортскиот талент менаџмент, евалуацијата на талентот зафаќа две големи мерливи области:
1. изведбата и
2. потенцијалот.
Постојниот перформанс на талентот на одредена позиција односно одредено работно место од секогаш била стандардна евалуациона алатка за профитабилноста од талентот. Меѓутоа спортскиот талент менаџмент покрај другото се фокусира и на потенцијалот на талентот, а тоа значи на идниот перформанс на (перформансите на вработените во иднина), доколку му се овозможи правилен и целосен развој на вештините и се зголеми одговорноста.
Главни аспекти на спортскиот талент менаџмент кој се применува во една спортска организација мора постојано да вклучува:
· менаџмент на изведба
· развој на водство
· планирање на работната сила / пронаоѓање на талент празнините
· регрутирање
Терминот спортски талент менаџмент е обично поврзан со компетентно базирана практика за менаџирање на човечките ресурси. Одлуките на спортскиот талент менаџмент се често водени од организациските компетенции како и од компетенциите на позициите пооделно (позиционо-специфични компетенции).
Сетот на компетенции вклучува: знаење, вештини, искуство и персонални закани или слабости, демонстрирани преку дефинирани однесувања.
Постарите модели на компетенции може исто така да содржат атрибути кои ретко предвидуваат успех (на пр. едукација, диверзификациони фактори кои се нелегални да се замат во предвид во сооднос со изведбениот перформанс во многу земји и неетички во самите спортски организации).
Во сегашната состојба, на актуелна потреба од намалување на трошоците на спортските организации, нормално е сегашните да бидат идеални околности за примена на спортскиот талент менаџмент систем како средство за оптимизирање на перформансот на целокупниот талент и организацијата.
Сепак во многу спортски организации концептот на капитален човечки менаџмент (HCM) од неодамна почнал да се развива, всушност само 5% од спортските организации се изјасниле дека имаат јасна талент менаџмент стратегија и воспоставени оперативни програми во моментов...
Николче Костовски
Comments