Search
  • АСК Феникс АМС

Дали климатизерите придонесуваат кон ширење на COVID-19 инфекцијата?

Во тек се повеќе истражувања кои се однесуваат на улогата на претстојната летна сезона врз ширењето на коронавирусот. Дебатите вообичеано се во насока на тоа дали влажноста, повисоките температури и директната сончева светлина, нема да имаат директно влијание на вирулентноста на коронавирусот.


Новите докази кои се објавени во Emerging Infectious Diseases укажуваат на тоа дека во моментов значително позагрижувачка е улогата на климатизерите во текот на потоплите месеци.



Едно истражување покажало дека во Вухан дел од луѓето се заразиле со COVID-19 само заради тоа што седеле блиску до климатизерите во рестораните.


Истражувачите настојувале да покажат како некој кој е асимптоматичен носител можел да го пренесе заболувањето преку климатизер во ресторан.


Конкретната личност која била предмет на истражувањето, седела на маса која била поставена директно пред климатизерот. Четирите лица кои седеле на истата маса, покасно биле позитивни на COVID-19, како и пет луѓе од околните маси.


До сега се идентификувани различни начини на потенцијална изложеност како резултат на циркулацијата на вирусот во воздухот.


Нормално, многу од луѓето продуцираат поголеми капки, кои обично паѓаат во нивна непосредна близина или средно големи капки, кои ќе паднат нешто подалеку (заради тоа важна е и социјалната дистанца). Но, истовремено заразените продуцираат и многу мали партикли кои остануваат да циркулираат во воздухот и може да предизвикаат инхалациона изложеност на аеросолите...


Тоа всушност се случило и во ресторанот кој бил предмет на истражувањето. Се смета дека интензивната циркулација на воздухот која е резултат на функционирањето на климатизерот, придонела кон олеснета дистрибуција на испуштените партикли од една на друга маса, во непосредното опкружување.


Климатизерите функционираат така што го ладат просторот со отстранување на влажноста од воздухот. Влажноста придонесува кон создавање на потешки вирални партикли при нивната циркулација во воздухот. Па, ако се намалува влажноста на воздухот за да се олади просторијата (што се случува кога работи климатизерот) тогаш можно е да се овозможи подолготрајно останување на вирусот во воздухот, во споредба со условите кога средината е со зголемена влажност.


Но дали климатизерите може да претставуваат опасност во домашни услови?


Доколку совесно практикувате социјална дистанца, тогаш климатизерот во вашиот дом не претставува опасност за ширење на COVID-19 инфекција.

Доколку не организирате забави, седенки и слично, каде може да бидат присутни несимптоматски носители, тогаш климатизерот не претставува проблем.

Што ако ве посети некој член на семејството или близок пријател во текот на ова лето?


Истражувачите сугерираат дека многу попрепорачливо е да се отворат прозорците, отколку да се користи климатизер. Целта во овој случај е да се обезбети оптимална вентилација на просторијата, без при тоа да се олесни циркулирањето на вирусот во воздухот, што би се случило доколку прозорците се затворени, а вклучен е климатизерот.


Проблемот со климатизерите е всушност пореален во јавните простории (ресторани, продавници, канцеларии...), а не толку во приватните домови.


Верувале или не, климатизерите од секогаш придонесуваат кон ширење на вирусни инфекции, на кој и да е респираторен вирус и тоа во текот на целата година. Во овој случај загриженоста но и внимателноста треба да бидат поголеми заради тоа што сеуште нема лек или вакцина за COVID-19, па опасноста од заболување е поголема, дури и во услови кога се внимава на социјалното дистанцирање.


Значи колку повеќе луѓе во една просторија, толу поголема е негативната улога на климатизерите во насока на ширење на COVID-19 инфекцијата. Во вакви услови, климатизерите може да приберат повисоки вирусни концентрации, па ако нема природна вентилација на просторијата (а ја нема заради затворените врати и прозорци, а вклучените климатизери), тогаш недостатокот на влажност може да придонесе кон вдишување на заразните партикли кои циркулираат во воздухот.


Иако се потребни дополнителни истражувања за целосно да се разбере улогата на климатизерите, се чини дека јавните простори во кои може да се соберат повеќе луѓе, најдобро би било да бидат полупразни.


Канцелариите, продавниците, кино салите, рестораните, спортските сали..., би требало да се користат алтернативни начини за разладување за време на COVID-19 пандемијата.

43 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook