Search
  • АСК Феникс АМС

Добре дојдовте во сегашноста

Updated: Feb 11

Дали навистина сме до толку очајни?


Вистинските достигнувања ги ставаме во втор план, само за да се чувствуваме добро, без разлика дали сме го заслужиле тоа или не.


Македонија! Македонија! Македонија!


Сакаме да веруваме дека сме квалитетни, но и дека постојано некој друг е виновен за она што го правиме.


Но дали е тоа така?


Еве да речеме „достигнувањата“ во ракометот. Колку навистина го почитуваме работењето на другите? Колку сме свесни за добро сработеното, во нашите субстандардни услови? Колку сме спремни да признаеме дека некој направил нешто добро?...


Но, во што тоа ние сме добри?


Секако во самобендисаност, озборување и попречување на работењето на оние до и околу нас.


Па, нели ние сме најдобри, а ако не сме!?


Е тогаш најдобро е да се потрудиме да ги оневозможиме сите оние кои може да бидат подобри!


Неодамна прочитав еден твит во кој се вели „Неспособните луѓе имаат способност да ги онеспособат способните луѓе!“.


Вреди да се размисли, нели?


Ние сме нација на себични и самобендисани идиоти!


Вината е во нас, родителите. Нашето дете ќе ја фрли топката кон голот и веднаш, во нашите пореметени глави тоа е знак за неверојатен талент.


Навистина!?


Топката едвај ќе се дотркала до голот, а ние веќе знаеме дека тоа е идниот репрезентативец/ка...


Ние сме строги во критикувањето на сите, освен на себе и своите деца. Помалку очекуваме од себе и од своите деца, одколку што очекуваме од сендвичот кој го купуваме…


А сте слушнале ли за Феникс Куп, најитернационалниот ракометен турнир во Македонија?

Николче Костовски

66 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook