top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Едено романтично врнежливо саботно утро

Се сеќавам кога имав 6-7 години секој ден во 12:40 баба ми ме пушташе по леб во продавницата на Жито Битола во пазарчето. На почеток, незнам дали воопшто имаше почеток, оти по леб ме пуштаа уште откако добив доволна висина да не ја влечкам торбата со леб по асфалтот, не сфатив зошто секогаш во исто веме морам да одам таму. Прво, мислев дека е во ред да се оди тоа време оти веќе кујната почнува да мириса на манџа (павлов рефлекс), потоа сфатив дека тогаш лебот е топол, за на крај да разберам дека ако не одам тогаш за еден саат, или кога ќе влезат сите луѓе од редицата - нема да има леб.


Немаше врска. Леб имаше секогаш. Како го сфатив тоа? Понекогаш практично е да си рассеано дете и буквално едно стркалано камче накај тебе да ти одвлечи внимание и “да те снема“. Е па ми се случи неколку пати само што ќе излезев од дворот да се заиграм со децата и да треба да купам леб во 14:30, тогаш децата на 6 години немаа телефони. И ако не немаше и ако некој не можеше да не најди низ улици – не можеше. Толку. И тоа беше нешто што постарите го знаеја и мораа да го почитуваат. Ми недостига тој авторитет што го имав спрема постарите дома.


По 2-3 пати ќе сфатиш дека се било завера (павлов рефлекс пак).


Чудно, поминаа 20 години од тогаш и возрасните никако да го задржат тој рефлекс и да почнат да ги сфаќаат последиците од континуираните дејства.


Во меѓувреме не ја сфатив ни потребата да се купуваат залихи од макарони, масло, брашно и шеќер после секоја најавена криза на телевизија...

...и кога конечно дојде кризата денес, никој нема пари за макарони.


Всушност, во скривниците за “евентулната војна“ дозволено беше да се пали плинско за макароните? Или во војна макроните служеле за макање и грицкање со шеќер?

Значи секогаш имам најдолги воведи. Среќа шо не сум во партија, па да морав под притисок на претпоставените да прифатам работа во некое училиште. Пола од учениците ќе ми се фрлеа од прозорец. А пола... и така пола среднишколци веќе се емо. Не се бројат.



Поентата ми беше да “се пофалам“ дека пред да започне актуелнава криза бев во кладилница. И додека чекав да го уплатам бројчето што ми го имаа дадено, повторно се осетив како детенце кое чека топол леб пред Жито Битола. Само што за разлика од тогаш, кога парите што ми ги даваше баба ми беа од платата на татко ми. И само што, за разлика од тогаш, кога во редицата половина бевме деца, а половина пензионери и по некоја мајка... Сега парите што се слеваа од касата од кладилницата беа од самата каса, само што беа исплатени на “вработените“ неколку часа или еден ден претходно.

Додека седев таму и чекав да се отвори земјата и со засил гавечки да се нурнам во неа пред таа да ме голтне, ги набљудував луѓето (мажите) околу мене.


Имаше пензионери, за кои ете ќе речам оправдано е да прават што сакаат со себе... имаше жртви на транзицијата на Бранко, за кои еве оправдано е да бидат бесни и бунтовни и да не сакаат да работат повторно... ама имаше и жртви на денешницата. На онаа денешница во која важиме за една од најсигурните земји во Европа, па поради тоа ги добиваме и најповолните кредити од најголемите светски банки за пензиите на дедовците во истите кладилници. Тие жртви на денешницата беа отприлика на моја возраст... секако голем број неженети (не ми беше поентата да мањачам, да се разбереме :)) невработени, но секако и голем дел крајно невоспитани. Добро бе, доста немате ништо, ни пари, ни работа, ни иднина... абе барем еден да се сетеше дека овде има некое женско и да ме оставевте да се движам во редот пред касата. Значи ВО РЕДОТ, не ПРЕКУ РЕДОТ.

Не сум феминистка и верувам во тоа дека жените сме рамноправни и можиме да се избориме за секоја позиција (ова со мажите стилисти и мажите во рекламите за боја за коса за жени само ни ги поматува водите).


На крај, секогаш кога на улица се играше нешто, јас секогаш успевав да ги натерам да играме ракомет. Ха!


Да преминам на поентата. Всушност и немам поента, сакав само да напишам нешто јавно за она што го видов денес.


Толку од романтиката во државата. Кога стигнавме до точката, мажите (скоро сите мажи) да плачат на турски серии, а за време на рекламите да проверуваат спортски резултати... и кога на сред работно време во кладилница (денешната фабрика) им се појави женско тие толку посветени на кариерата, не те ни забележуваат дека постоиш... народот отишол во 3(три) ___ ____ ____.


Се надевам дека сега, парлелно на овој текст, нема да се појави друг напишан од некој залутан уплаќач кој што се прашувал што прави женско во кладилница наместо да оди дома и да се оплодува според законот.


Е.Ф.

32 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page