Search
  • АСК Феникс АМС

Испровоциран од сопствените постапки

Уште од мали нозе, меѓу другото, сакав да бидам и тренер, не од оние тренери кои постојано викаат и кога ќе ги видиш ти се местат коски, туку тренер за пример, близок со спортистите, на кој ќе гледаат како на постар брат или како на нивни врсник, со кој ќе можат да споделат некој проблем.


И ете денес ми се исполни мојот сон, навистина сум тренер во еден од најубавите и највузбудливи спортови - ракометот, но не сум онаков каков што сакав да бидам. По малку или малку повеќе сум строг, веројатно повеќе од сите други тренери од мојот спорт. Не толку строг за да ме викаат вештер, но сепак доволно за да оние кои ги тренирам се плашат од мене во и онака стресното општество.


Понекогаш добивам примедби за мојата строгост но имам изговори за тоа, морам да ги научам спортистите на нешто!

Но, кога ќе подразмислам малку подобро, тоа не сум јас, не сум она што сум сакал да бидам...



Од каде потекнува мојата строгост?


Можеби од помислата дека никако не сакам да ги препуштам оние кои ги тренирам и ги сакам, на непромислените влијанија од страна (кои скоро секогаш се на нивна штета), или од тоа што во текот на работењето сум научил премногу да го ценам ракометот, па убеден сум дека во ракометот не треба да има место за несериозност, напосветеност и нечесност, можеби заради тоа што сакам сите кои ги тренирам да го сакаат ракометот како и јас, да го доживуваат како најважен од се и да знаат се!


Јас спортистите ги доживувам како спортисти, а не како млади луѓе или деца кои не знаат прецизно да додаваат, онака како што барам јас.


Зарем јас на нивна возраст бев експерт за ракомет? Не, но за среќа некој тогаш, така се однесувал и со мене, некогаш ме притискал и ме терал секогаш да барам уште повеќе. Ако тогаш не сум разбирал, денес сум благодарен на тој некој.

Заради тоа, јас ќе го постигнам она што сум го замислил, ќе направам спортистите да разберат дека ракометот е живот, дека секој/а од нив може да биде одличен ракометар/ка, ќе ги скршам предрасудите кај секој/а од нив и со помош на насмевка ќе им покажам дека е човечки да се греши и на таков начин најлесно се учи.


Но, тоа би требало да се заслужи, нели?


Николче Костовски

73 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook