Search
  • АСК Феникс АМС

НАСКОРО СТАРТУВА ФЕНИКСОВИОТ ДВОДЕЦЕНИСКИ РАКОМЕТЕН ВРЕМЕПЛОВ!

Со видео и текстуални искажувња на фениксовите интернационалци, започнува фениксовиот ракометен времеплов на низата денешни ракометни звезди и успешни професионалци, кои првите ракометни чекори ги направиле во РК Феникс АМС.



Без макотрпно вложен труд и посветеност нема ни успех. А успехот најдобро се потврдува со дела. Што е сработено и создадено за дведециниското постоење на РК Феникс АМС, преку фениксовиот ракометен времеплов кој со пишани интервјуа стартува од вторнк а за многу скоро што ќе биде и вистинско изненадување за фановите на овој мал но добро организиран ракометен клуб и преку видео стории.

А тие богами ќе бидат богати и веродостојни .

Фељтонот е посветен подеднакво и на женскиот и машкиот ракометен погон.


Понежниот пол ќе ја има предноста, приказните ќе започнат со фениковата ракометна интернационалка Дајана Јовановска но веќе следниот втоник главниот збор ќе го има македонската голманска икона Никола Митревски.


,,Кога размислував да ја прифатам оваа идеја на секторот за информиање при РК Феникс АМС морам да признам дека се двоумев, бидејќи можеме да бидиме и погрешно разбрани и мета на многу озборувања. Сепак емоциите и сработеното во изминатите над 20-сет години и желбата да се стави барем уште една тула повеќе во битолскиот ракометен ѕид преовладаа да ја прифатам оваа идеја, а предвреме знам дека пиказната ќе биде долга и богата“ вели пвиот човек на РК Феникс АМС Николче Костовски.


Секторот за информирање на овој клуб размислува и за приближување на секојдневното функционирање на РК Феникс АМС до сите љубители на ракометот и спортот преку повеќе добро осмислени и интересни активности.


Она што со сигурност може да го вети засега е целосно информирање со издржани прилози од претстојниот меѓународен и втор по ред августовски ,,Феникс Куп“.


Целосни осврти ќе има и од следната сезона во домашните натпреварувања и на женската и на машката екипа на РК Феникс АМС.


Целта е единствена, да се продолжи со создавање на квалитетни ракометари кои ќе имаат солиден предуслов за успешен професионален ангажман.


СЕКТОР ЗА ИНФОМИРАЊЕ ПРИ РК ФЕНИКС АМС

88 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook