Македонската репрезентативка Дајана Јовановска веќе долго време ја кова и меѓународната ракометна кариера. Играше за екипи од Исланд, Романија, Шведска, Норвешка а годинава настапува во Италија. Вонсерискиот лев бек вели печалбата е едно а спомените сосема нешто друго. Каде и да биде и во иднина душата и срцето ке и биде во РК Феникс АМС - клубот во кој тогашната ракометна тинејџека го потвди својот талент но и научи многу за ракометот.
Тоа што го научив во РК Феникс АМС беше мојот ракометен учебник и патоказ за кој сонува секој млад талентиран спортист. Иако повеќе години успешно настапувам за еминентни европски екипи, никогаш нема да заборавам дека како тинејџерка во РК Феникс АМС бев дел од златната генерација која како од шега без ниту еден пораз извојува влез во суперлигата во 2009 година. Две години подоцна со дозвола, голем слух и разбирање на тренерот Николче Костовски заминав во скопски Металург.
Во периодот што следи, некогашниот само талентиран десен бек го облекува и националниот дрес. Брзиот напредок беше резултат само на добрата основа што ја стекнав во РК Феникс АМС вели во видео обраќањето Јовановска.
,,Она што се работеше во мојот матичен клуб најдобро го почувствував во периодот кога настапував за екипи од Исланд, Шведска и Норвешка.Тогаш сватив дека навистина поставеноста и организираноста на РК Феникс АМС е на едно високо професионално ниво, односно дека фениксовата школа е иста со скандинавската која важи за една од најсилните во светот. Едноставно начинот на работа и организираноста во РК Феникс АМС содејствува со поставеноста и организираноста на многу поголемите и попознати европски клубови“ додава Дајана Јовановска.
Годинава настапувам во италијанската лига догодина можеби некаде на друго место но тоа е едноставно само печалба. Каде и да бидам до крајот на мојата кариеа РК Феникс АМС ќе остани моето вистинско ракометно семејство на кое постојано ќе се навраќам.
Копнеам еден ден да присуствувам на еден трененг на оваа генерација на девојки бидејки ќе имам многу што да им кажам за тоа каква привилегија имаат да учат од ракометна школа која произвела многу ракометарки и ракометари кои денес се низ европските ракометни екипи.
Можеби еден ден повторно и ќе го облечам дресот на РК Феникс АМС, се е можно.
Можам уште многу да зборувам затоа што спомените и убавите моменти ги има во изобилие но сето тоа ќе биде недоволно ако не завршам со вистинското чувство преточено во пораката: ,,Тренеру и останатите од РК Феникс АМС ви благодарам за се она што досега постигнав бидејки вие ми ја дадовте вистинската основа на ракометната игра“ – вели на крајот од своето обраќање една од ракометните икони на РК Феникс АМС Дајана Јовановска.
СЕКТОР ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ПРИ РК ФЕНИКС АМС
Comments