Search
  • АСК Феникс АМС

Од наесен и еден од машките тимови на РК Феникс АМС започнува со натпревари

Од наесен ракометарите на РК Феникс АМС родени 2005 година и помлади ќе бидат дел од лига натпреварувањето што го организира Ракометната Федерација на Македонија за генерацијата 2004.


Иако нашите противници се повозрасни ние од подамна се заветивме „По една година во лигата ќе бидиме најкомпактната екипа“ велат младите ракометари на РК Феникс АМС кои одамна чекаа од раководството да ја слушнат оваа вест. Еуфоријата е голема и сега единствено се мисли само на тоа што поскоро да стивне опасноста од корона вирусот и да се добие зелено светло за враќање на тренинзите во сала.


„По неколкуте победи во пријателските натпревари едноставно горат од желбата да го почувствуваат натпреварувачкиот адреналин“ вели тренерот Николче Костовски. Коронавирусот не’ прекина во тренирањето токму кога најмногу работевме. Но што е тука е. Задоволен сум што и во вакви услови покажаа голема спортска одговорност и по онлајн советувањата што ги имавме и напатствијата што ги давав, индивидуално одговорно работеа по зададените програми - додава Костовски.



Во кој формат ќе биде натпеварувањето, во класична лига или поделени во групи допрва треба да одлучат од РФМ. Но дали може да му се верува на седмата генерација машки ракометари на РК Феникс АМС во сите конкуренции и колку нивниот оптимизам се потпира на реална основа?


Од 20-сетината момчина што се на располагање лесно може да се состави квалитетна екипа. Момчињата иако се една до две години помали имаат солидни предиспозиции. Очекувам нашиот „битолски Ландин“ да биде неприкосновен на голот и да биде столбот на одбраната. Бековската тројка е со висина од над 180 сантиметри. Добро разигруваат а имаат и силни шутеви од кои стативата силно одекнува и долго се треси. Сличен е квалитетот и на пикерската позиција а крилата напорно работат на усовршување на техниката - вели стратегот на екипата. Но сепак ова е нивно прво деби и во првата сезона нема да дозволиме да играат под императивот победа по секоја цена.


Секако најважно е што ќе го почувствуваат натпреварувачкиот дух. А за останатото имаат и доволно време и натпревари да докажат зошто Битола важи за ракометен расадник и зошто нивниот матичен клуб има блескав времеплов во создавањето на квалитени домашни ракометари.


Стевче Митревски

298 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook