Search
  • АСК Феникс АМС

Од посветен играч, до професионален тренер

Тоа што го носите на теренот: борбеноста, желбата за напредок, упорноста, дисциплината и посветеноста, еден ден ќе ви користат и надвор од спортската сала“ е пораката на Андријана Кулевска, некогашен пикер на женската екипа на РК Феникс АМС.


Андријана Кулевска или некогаш битолското чупе кое единаесет години го носеше дресот на РК Феникс АМС на позицијата пикер од пред шест години е во Америка и работи како персонален тренер. Вели дека со задоволство ја прифатила понудата од една подолга временска дистанца да проговори за времето поминато во фениксовото ракометно семејство.


,,Поради повредата на коленото запре мојата спортска кариера пред да го кажам последниот збор. Сепак, убавите моменти поминати во РК Феникс АМС останаа засекогаш со мене. Нормално имаше и успони и падови. Јас сум горда што бев дел од онаа златна женска генерација на овој клуб. Генерација која ретко, било кој терен го напушташе со наведната глава. Чудно е самата за себе да зборувам, но едно можам да кажам, се што правевме, правевме со неизмерна почит, посветеност и љубов. Нашите најдобри сезони беа од 2006-2011 година“ вели со многу емоции Андријана Кулевска.



РК Феникс АМС беше и остана моето второ семејство.Она што не правеше различни од другите екипи е тоа што освен во домашната лига во континуитет бевме активно присутни и успешни на познати меѓународни турнири.


,,Ги имаше многу но најсилни беа оние на скандинавските земји. Чувството беше прекрасно, а еланот да го дадеш максимумот незапирлив. Едноставно имавме чувство дека можевме да победиме секого и секаде.

Од перспектива на активен персонален тренер гледам дека стручната работа со тимот, разновидноста и големиот број на натпревари биле предизвикот на кој успешно сме одговориле и она што овозможи да од нашата генерација излезат голем број на ракометарки кои сега се успешни професионалки во своите клубови ширум Европа“ додава некогашната афирмирана битолска ракометарка.


На крајот вели дека жали што повредата не и дозволи да оди понатаму во ракометните височини но сатисфакцијата ја гледа во тоа што со себе понела многу од наученото на тренинзите и натпреварите на РК Феникс АМС, што денес и претставува патоказ во личниот живот и професионалниот ангажман.


Кулевска жали што не е во Битола за да може да помогне во работењето и истовремено да ужива во игрите на женската и машката екипа на РК Феникс АМС, но верува дека клубот ќе изнајде начин да го приближи своето работење до се поголемиот број на приврзаници и навивачи на клубот.


Одговорните од секторот за информирање на РК Феникс АМС ветуваат дека за кратко време ќе бидат активирани нови и инвентивни начини на информирање, кои ќе бидат достапни и интересни за сите.


СЕКТОР ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА РК ФЕНИКС АМС

226 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook