Search
  • АСК Феникс АМС

Претренираност кај спортисти

Сведоци сме на значително зголемен број на спортски здруженија/клубови во разни спортови во кои тренажниот процес го водат вистински образовани професионалци но исто така често се среќаваме и со т.н. квази професионални тренери.

Особено важно е со најмладите категории на спортисти да работат образовани професионални тренери.

Многу често се случува т.н. професионален тренер да дојде до програма за работа во соодветен спорт применета на некоја сениорска репрезентација која постигнала големи резултати и истата да се обиде да ја примени на пример во младинска категорија, па наместо да се постигнат осетни резултати екипата да стагнира па дури и да назадува.


Умешноста за правилна адаптација на постоечки докажани програми за работа во сопствени услови е нешто за што е потребна соодветна наобразба но и големо искуство.


Професионализацијата во спортот и зголемените барања во тренажниот процес со цел постигнување на подобри резултати носат ризици од пореметувања на виталните функции во организмот.


Непознавањето на основните принципи на тренажниот процес - зачестеност, интензитет и траење во комбинација со несоодветна припрема кај спортистите предизвикуваат голем број на патофизиолошки промени во организмот.



Претренираноста се опишува како спортска болест каде доминираат промени во организмот, замор на мускулите, а некои автори тоа го дефинираат и како облик на акутна слабост на организмот за време на зголемени физички напори. По дефиниција претренираноста е неадекватен физички и психички напор при зголемен квантитет на тренинг (зачестеност, интензитет и траење). Синдромот на претренираност најчесто се јавува како последица од напорни и монотони тренинзи.


Симптоми карактеристични за претренираност:

- Нерасположение и отсутност на желба за тренинг,

- Нервоза и напнатост,

- Лош сон, губиток на тежина и апетит,

- Сукцесивно опаѓање на резултатите,

- Покаченост на базалниот метаболизам која се јавува во поодмината фаза на претренираност,

- Значително зголемување на пулсот со спорадично зголемување на крвниот притисок,

- Намалување на виталниот капацитет,

- Повредите кај овие спортисти се почести.

Правилното планирање на тренажниот процес на подолг период со соодветна адаптација кон моменталната состојба кај спортистите овозможува избегнување на претренираноста.


Превентива од претренираност:

- Селекција на спортистите од најмала возраст и правилно усмерување кон спорт кој најмногу им одговара,



- Формирање на стручни тимови (тренер, спортски лекар, физиотерапевт),

- Подготовки на програми на дневен, неделен, месечен и годишен тренинг кој е компатибилен со натпреварувачкиот календар,



- Дозирање на тренингот кон функционалните потреби на спортот (аеробен и анаеробен спорт), кон возраста на спортистите и кон рангот на натреварување,

- Во текот на календарска година да се организираат најмалку два прегледи на спортистите во референтни установи,

- Квалитетна исхрана и особено течности (вода) заради големото значење на водата во врзувањето на гликогенот,



- Дозирано земање на витамини и минерали,

- Соодветна квалитетна спортска опрема за тренинг и натпревар.


Ракометниот клуб Феникс АМС Битола https://www.feniks-mk.com/about-us-feniks-ams, е еден од ретките спортски колективи во државата кој ги има обезбедено сите услови за превентива од претренираност (тим составен од образовани тренери, лекари специјалисти од областите кардиологија, радиологија, спортска исхрана, https://www.feniks-mk.com/nutrition-feniks-ams).


Проф.Д-р Роберто Пашиќ

104 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook