top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Реакција од читател

Почитувана редакцио!

Долго време ги читам Вашите текстови, какви се тракви се, ама ги читам. А бе не знам и сам зошто ги читам. Чекам резултати и по нешто ќе подпрочитам, а имате и по нешто интересно. Сега не ви е се интересно, ама нешто е. И така, за тој дел толку.


Еве зошто Ви пишувам.



Во саботата (пред короната), како и секој нормален маж кај нас во Македонија, си станав и си заминав во кладилница. Надвор врнеше, ама и да врни и да не врни исто ти се фаќа. Стигнав во кладилницата и малку наврнат, влегов внатре. Барем внатре не врнеше.

Пак тука имаше ред за уплати, пак беше полно. А бе се си беше исто.

Си застанав во редот како секој нормален македонец.

Ливчето ми беше спремно, и парите ги имав стокмено, таман колку шо треба. Едно време осеќам нешто зад мене ме поттурнува. Се вртам, нема никој. Нејсе. Си се свртив и си продолжив да мислам да не имам нешто грешно напишано, па да ми се е.. системот. Кога пак нешто ме поттурнува, така замислен се вртам и гледам едно чупе. Си велам, види некој клошар ја пуштил да уплати, за да го разбие малеро (клошар, тој ќе си го истера малеро, ама нас на сите ќе ни начука малер, мореее будала). Ја загледав вака (не мањачки), не ќе да ја пуштил никој, самата си дошла сигурно, така ми изгледаше. И си велам, а бе дошла, ама зошто дошла, не дека ќе фати нешто. Ми падна жал. Се поттргнав малку за да оди пред мене, кај нема ништо да фати, туку и да не чека џабе, греота, а и вака ситничко и наврнато ми изгледаше. Чекам да помини пред мене, не оди, чекам пак, ништо.


А, бе чупе, шо не си седиш дома да си зготвиш нешто да научиш некој рецепт, не овде само се шуткаш лево, десно, па ај да има за шо, ова само за да потрошиш пари. И почнав да си мислам. Да беше паметна ќе си завршеше факултет, еве на пример можеше информатичарка да биди. Ќе си изработуваше web страни на пример, а таја ми дошла во кладилница. Ха бе, кај ојде младината денес. После политичарите им се криви кога велат дека треба да раѓаат.


Е па шо да не фатиш нешто во кладилница?


Оди си дома мори душко, фати ја кнгата, па научи нешто, или зготви нешто, или роди бе, роди. Арно ќе му сториш и на владата и на сите, а бе можи машко ќе родиш, па после тој во кладилница ќе фати по нешто, па нема да ти биди џабе се.

Немав намера да напишам ништо за ова, ама кога прочитав пред некој ден дека таа се жали дека еве во кладилница отишла и дека сме ја поттурнувале и не сме ја пазеле, ааааа си реков мора да кажам нешто и јас.

А бе како капка вода ја пазевме, да можевме уште црвен тепих да постелиме.

И таму читам нешто машките во женските реклами, не знам шо.

Е, ај да ја прашам, подобри готвачи од мажите има? Нема, нема никогаш ни да има!

Само ние културни сме и ве жалиме вас женските, па ај ве оставамe да напрајте по нешто и да си се фалите.

Ама немојте да ми пишувате тука глупости. Кај ве оставаме, уште сол на главата ни триете.

А бе арно велат, за вас само деца. Има дома, дома да седите и да раѓате.

Многу се изнервирав и веќе нема да пишувам ништо друго.

Поздрав до редакцијата и до таа со кладилницата. И да си запамтиш, Баерн дома не губи... кој ќе ти рече поинаку, те лаже!

Искрено Ваш редовен читател.

40 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page