Search
  • АСК Феникс АМС

РК ФЕНИКС АМС 22 ГОДИНИ ВО КОНТИНУИТЕТ Е ДЕЛ ОД ПОЛУВЕКОВНИОТ БИТОЛСКИ ЖЕНСКИ РАКОМЕТЕН ВРЕМЕПЛОВ

Ракометен клуб кој главно се потпира врз сопствени средства, но клубот опстојува во континуитет и успева да создаде играчки кадар кој е препознатлив за европските и домашните суперлигашки екипи.

Токму поради финансиите во 2010 година излегува од домашната супер лига. Менаџерскиот тим ветува во следните две сезони враќање назад под услов да биде прифатен доставениот предлог план.


Во 22 години постење, во женската екипа на РК Феникс АМС поминале окулу 300 ракометарки во сите возрасни категории. Континуитет и посветена работа кои оставаат траги во полувековниот битолски женски ракометен времеплов. Јовановска, Нолевска, Стојковска, Петровска се само дел од подолгиот список на ракометарки кој настапуваат во европските еминентни екипи и искрено потврдуваат дека тука ја научиле оваа игра но и оние пропратни елементи како што се професионалниот пристап кон тренингот, дисциплината и сл.


Во аналите на клубот како најголем успех стои сезоната 2009/10 и натпреварувањето во македонската супер лига.


,, Иако бевме млад тим со просечна старост од само 16 години до супер лигата стигнавме без изгубен меч цела сезона“ - вели Елена Крстевска која денеска игра во суперлигата за прилепската екипа на ЖРК Деспина.


И самата знае дека од објективни причини тогашната женска екипа неможеше да продолжи во супер лигата но со задоволство се присетува на осумте години во текот на кои беше дел од ова спортско семејство.

,,Горда сум затоа што сметам дека РК Феникс АМС е еден од ретките клубови каде што децата тренираат модерен ракомет каков што се игра на светско ниво и уште од мали нозе се покажуваат вистинските вредности“ додава Крстевска.


Последниве сезони клубот учествува во младинските натпреварувања и редовно и без проблем се позиционира високо на табелите. За Супер Лига подготвуваме наши играчи но не сакаме да се впуштаме во авантури без да добиеме сигнал дека понудениот предлог план ќе добие зелено светло од општината - велат од стручната и вредна управа.

,,Парите ја прават разликата, без доволни финансиски средства супрерлигашкото натпеварување нема поголема смисла. Понудивме предлог план кој гарантира меѓународно етаблирање на битолскиот женски ракомет. Доколку биде прифатен ние сме тука за сезона две со актуелниот играчки потенцијал и активирањето на неколкуте потпишани преддоговори со ракометарки од странство да отвориме нова покултурна и поуспешна страница на женскиот ракомет во Битола“ вели стратегот на клубот Николче Костовски.


Дотогаш остануваме посветени на нашите можности и континуирано учество на квалитетни меѓународни турнири. До крајот на годината планираме да отпатуваме на две дестинации заедно со машката екипа која од есенва ќе се натпреварува во едно или две од првенствата кои ги нуди РФМ и според талентот и посветеноста на децата родени 2005/06 година да започне да нижи успеси.



Мегдан за докажување има доволно, а за годинава сепак императив ќе биде августовскиот битолски меѓународен турнир ,,Феникс Куп“ Битола 2020.


СТЕВЧЕ МИТРЕВСКИ

249 views0 comments

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook