Search
  • АСК Феникс АМС

Сезона на парење

За време на сезоната за парење, рикот на канадскиот елен започнува длабоко и гласно, па преминува во пискава завршница и гровтање.

Изгледа познато, нели дами?

Само луѓето ја избираат сезоната за парење. Освен ако не сте некој кој постојано игра компјутерски игрици, во тој случај вашата сезона за парење нема никогаш да дојде.

Како да знаеме кога е моментот за создавање на вистински спортски клуб? Дали сме доволно време со спортот? Имаме ли доволно пари?

Можеби нема вистински момент. Постои само вистинската личност! Кога ќе ја најдете, држете ја и бидете добри со неа.


Потребно е да се има малку фантазија, разум и секако многу знаење!

Се на сé спортот е сериозна работа, сериозен и напорен начин на живот, неизбежен сегмент од животот на луѓето. Меѓутоа, спортот, не е операција на срце, тоа е забава, рекреација, релаксација, добро утро и добра ноќ за најголемиот дел од луѓето на оваа планета, еликсир за многумина, излез од напорното секојдневие, светла иднина за многу млади и широка насмевка на минатото за постарите

Најголемите напори кои клубовите треба да ги прават се всушност насочени кон обезбедување на специфичните информации, побарани од клиентите, независно дали се тоа тренери, тренерски тимови, менаџерски тимови, пооделни служби на клубот и т.н. и тоа така како што се побарани и содржани во целосен извештај.



Меѓутоа како што скутингот, а со тоа и скаутите се развиваат, станува сосема вообичаено да може да се воочуваат и поспецифични сегменти од играта или од работата на предметот на скаутинг анализата.

На пример може да се забележат специфични однесувања и постапки кај поедини играчи, кои несомнено во голема мера ќе придонесат кон подготвувањето на соодветна тактика на игра на пример, или соодветен начин на тренинг кој ќе овозможи побрзо и посеопфатно унапредување на квалитетот на играта, било да се однесува тоа на поединец или на екипата во целина.

Не е невообичаено, туку е дури и сосема очекувано, да добриот скаутинг обезбеди и прецизна проценка за тактиката (начинот на играта на противничката екипа за односниот натпревар), или пак прецизна проценка за недостаоците и слабостите во функционирањето на тактиката во играта или пак пооделни сегменти од играта за цел еден период (полусезона, цело првенство, турнир и т.н.).

Прибирањето на информации за поедини играчи, тимови, спортски организации, тренери и т.н., нивното систематизирање и правилна обработка, односно создавањето на база на податоци, повеќе од сигурно ќе овозможи деталност, ефикасност, ефективност и прецизност во работењето на скаутот...


Николче Костовски

26 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook