top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Совети за олеснување на анксиозноста и осаменоста во услови на карантин

Живееме во времиња кои се случуваат еднаш во животот.

Принудени сме да ги смениме животите од корен за рекордно брзо време.

Дури и најсилните личности можат да се најдат неподготвени за вакви драстични промени.

Пропаднатите планови за патување, изолацијата на неодредено време, стравот поради ограничените средства и преоптовареноста со информации, можат да предизвикаат анксиозност и чувство на изолација и депресија.


Овие пак состојби негативно ќе се одразат на имуниот систем на луѓето кој е особено важен во овие времиња а преставуваат и значаен ризик фактор за срцеви заболувања.



Имајќи ја во предвид послабата подвижност и физичка активност во овие времиња како и зголемениот внес на (неквалитена) храна, ќе се обидеме да ви ги пренесеме препораките на Американското здружение за Анксиозност и Депресија за тоа како да се избегнат или барем ублажат тие чувства.


1. Редефинирај “ Заглавен сум дома“ во “ Конечно можам да се фокусиран на себе и домот“


Задолжителната работа-од-дома е можност да се рефокусирате. Правете барем една продуктивна работа дневно и ќе ви биде полесно да го задржите позитивниот пристап. Насочете се кон работите кои сте ги одложувале, направете реорганизација, или направете нешто што одамна сте сакале. Ако продолжите со мислите дека сте заробени, ќе си предизвикате дополнителен стрес.


2. Задржете ја својата рутина колку е тоа можно


Обидете се да ја задржите приближната рутина која сте ја имале пред деновите на карантинот. За оние со деца тоа може да биде поедноставно, но доколку и работите од дома постои ризик да западнете во летаргија која може да доведе до развој на негативни мисли. Разбудете се и одете на спиење во приближно исто време, јадете, туширајте се прилагодете го својот режим на вежбање и обавезно излезете од вашите пижами. Перете алишта во денот во кој што и досега сте ги переле. Придржувањето кон вашата дневна рутина не само што ќе ве одржува активни, и ќе ја намали можноста да потонете во меланхолија, туку ќе ви биде и полесно да се вратите во “нормала“ кога условите ќе го дозволат тоа.


3. Немојте да се опседнувате со вестите за Корона вирусот


Ослободувањето од работа и вообичаените социјални активности ви остава многу време да станете опседнати со вестите за пандемијата и да го консултирате Google за секое кивање и кашлање. Изберете само валидни веб страни на кои нема да поминувате повеќе од 2 пати по најмногу 30 минути дневно (по можност и помалку). Поштедете се од поплавата на секакви (вклучително и лажни) информации за пандемијата во интерес на вашето психичко здравје.


4. Хаотичен дом може да води кон хаотичен ум


Со целата несигурност која не опкружува надвор, важно е домот да се одржува организиран, чист. Одредување на одредени места за одредени активности може да ви олесни во организирањето на денот. На пример обидетете да не појадувате во кревет или да работите на каучот, туку јадете на трпезариската маса и работете на работната маса. Ослабувањето на овие граници може да ви ја замати рутината и да ви го направи денот многу долг. Дополнително, неуреден дом може да ви направи нелагодност и клаустрофобија па затоа одржувајте го среден и чист.


5. Почнете нов ритуал


Со новостекнатото време зошто не би направиле нешто посебно за време на овие денови во карантин. На пример можете да започнете дневник во кој ќе си ги запишете мислите и чувствата на кои може да се навратите подоцна. Или ако имате можност прошетајте секој ден во одредено време, јавете му се на член на семејството или пријател секое утро, или почнете да цртате. Тоа ќе ви овозможи да продолжите секој ден.


6. Користете телемедицина да зборувате со професионални лица доколку вашата анксиозност и депресија станат неподносливи.

Телемедицината (телефон, интернет, различни платформи за видео и аудио контакт) се најдостапната алатка за комуникација со било кој лекар кој ви е потребен за било кој проблем и симптом. Ослободувањето од илузиите дека имате и треба да имате се под контрола и наоѓањето на задоволство во фактот што и вие помагате во “намалувањето на кривата“ сигурно ќе ве направи посилни за да се справите со ситуацијата со која се соочува целата планета.

Извор:

76 views0 comments

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page