Search
  • АСК Феникс АМС

Успехот во ракометот (не) може да биде случаен

Ракометот е еден од најразвиените и најпопуларни спортови во Македонија. Во однос на меѓународниот перформанс, тоа е сигурно најуспешниот Македонски спорт. Ова е несомнено точно за тимските спортски натпреварувања.

Случајно? Дефинитивно не.


Перформансот во одреден спорт се евалуира според различни фактори, а меѓународната компарабилност е секако еден од нив, па нормално скорешните успеси во Лигата на Шампиони на Вардар ја дава основната можност за „наше“ споредување со останатите. Останатото може да биде прибрано во концепт на „општ - генерален развој“ на овај спорт во Македонија.


Очигледно е дека, уште многу нешта треба да бидат направени за и со ракометот во ракометните клубови, школи и неговата поврзаност со масовната популарност.



Една од претпоставките која се користи во евалуирањето на таквиот перформанс е дека успехот се должи на адекватната експертска работа. Нашата анализа на македонската спортска пракса („Развој и имплемантација на спортски талент менаџмент систем“) открива дека ракометот не е окарактеризиран со силна корелација помеѓу успесите на националните тимови и елитните клубови и услугите кои се обезбедуваат од компетентните организации. Резултатите од ваквата анализа се достапни за секого.


Всушност овие резултати и теоретското занење во никој случај не се и не може да бидат „рецепт“ или магично стапче кое тренерите може да го користат за изнаоѓање решение за конкретен проблем. Ова се податоци кои тренерите може да ги вклучат во севкупното знаење и препознавање на квалитетот на одреден натпреварувач и натпреварување.


Од друга страна, овие резултати се важен извор на информации за оние кои се вклучени во конкретниот спорт. После комплетирањето на адекватната процедура за методолошка обработка на податоците, можно е извлекување на специфични заклучоци кои обично се премиса за правење на одредени промени, во главно во теоријата на спортскиот тренинг.


Точно е тоа дека многумина од тренерите имаат изразена способност за емпириско препознавање на специфичните квалитети или поедноставно, тие веднаш може да воочат каков проблем има играчот или која е причината за слабиот тимски перформанс. Некои можат дури и да пронајдат емпириско решение за конкретниот проблем. Податоците од претходно споменатата анализа се особено важни и за тие тренери. Најмалку што можат да добијат од нив е потврда дека нивната способност за воочување на проблемите е добра.

Идејата за презентирање на резултатите е присутна веќе подолго време. Јасно е дека нема сите да ги користат таквите резултати. Постојат различни причини за тоа. Некои тренери едноставно немаат способност за таква соработка.

Повторно, тука постојат различни причини.


Некои од тренерите веројатно ќе бидат заинтересирани за соработка, но тие веројатно работаат во услови каде таквите податоци нема да може да бидат искористени, во главно заради финансиски ограничувања.


Друга пречка би можела да биде недоволната посветеност кон тренингот и притисокот од другите приоритети поставени од самиот тренер или од клубскиот менаџмент.

Се разбира, не е наша намера ниту пак имаме моќ да судиме дали е поважно да се тренира преку голем број на подготвителни натпревари или турнири или пак да се посвети времето на тестирање и мониторирање на развојот на играчите ( „Планирање и скаутинг“).


Од друга страна, не треба да се превиди можноста дека некои тренери ја одбиваат соработката заради недоволно знаење на основите на спортскиот тренинг и дека заради тоа не можат да ги следат резултатите, ниту пак да ги интерпретираат и инкорпорираат во сопствен емпириски план.

Претходно кажаното нема за цел да критикува или да обезвреднива никого. Јас имам почит за сите ракометни ентузијасти и тренери (без разлика дали имаат или не какво и да е формално образование) кои се со изразено педагошко и социјално чувство и неизмерна љубов кон ракометот и играчите кои ги тренираат. Верувам дека овие тренери се незаменливи во развојот на ракометот како спорт.


Сепак, проблемите се појавуваат кога некој самопрогласен „судија“ дебатира (дури и особено гласно) и за жал успева да наметне „разбирање“ дека практичното и теоретско надоградување мора да биде само спрема негов/нивни терк и само така како што тој или тие знаат и никако поинаку, а останатото е безвредно.


Некои од тренерите се повеќе склони кон квантитетот на работењето и забораваат дека квалитетот е најчесто решавачки фактор. Некои од тренерите сеуште имаат мислење дека работењето во спортот не бара едукација или професионална подготовка воопшто. Некои никогаш нема да го прифатат фактот дека тоа е исто како и да се биде фризер или касап (соодветна обука е неопходна), а јасно е дека неможе секој да биде тренер (барем не квалитетен и успешен).


Се надевам дека ова мое размислување нема да биде интерпретирано како „реклама“, со оглед на тоа дека нашата работа не треба да биде гледана и вреднувана како особено важна или единствена. Тоа не е мојата цел. Сите сме свесни што е потребно за подигнување на квалитетот на тренерите во македонскиот ракомет. Теоретското знаење може само да помогне во пронаоѓањето на одговорите на постојано присутните прашања за тимот и неговите играчи.


Новите знаења не принудуваат да размислуваме и можеби ни помагаат да разбереме дека „Ако како тренер мислите дека знаете се, тогаш вие сте мртов тренер“ – Morten Arvidson (2005) Rogla.


Познато е и дека деталната аналитика припаѓа повеќе или помалку на елитното ниво на ракомет.

Кај основното ниво, каде најголемиот дел од Македонски тренери работаат, најважно е да играчите научат како да трчаат, фаќаат и додаваат топка и т.н., а дури покасно преминувањето кон специјализираните области може да биде разумно (на пр. анализа на шутот на играчот).


Теоретското знаење и истражување не гарантираат квалитет во тренерската работа. Различните хипотези и теории на истражување, треба да бидат третирани само како дополнителен извор на информации. Сепак, во елитното ниво на натпреварување, деталите ја прават разликата. Точно е и тоа дека фокусирањето на деталите, може да го проблематизира согледувањето на комплексноста на проблемот (од дрвата не може да се види шумата). Отворениот ум е карактеристика која е незаменлива кај тренерите во елитното ниво на ракометните натпреварувања.


Животот (и тренерството) не научил дека секој мора да се соочои со сопственото „јас“ и дека секоја индивидуа е подеднакво важна и уникатна (во однос на нивната појава и карактер). Во согласност со ова, луѓето секогаш ја имаат одлучувачката улога во успехот „Спортски талент менаџмент“.


Понекогаш имаме среќа и опкружени сме со луѓе кои имаат многу да дадат и кои безрезервно ни помагаат и не стимулираат. Тие имаат или теоретски знаења или практично искуство, некои ги имаат и двете, а некои едноставно поседуваат огромна мудрост. Сепак, тие не можат да направат ништо наместо нас, бидејќи на нас е оставено дали ќе ја прифатиме или ќе ја отфрлиме нивната помош.


Николче Костовски

18 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook