РАКОМЕТНО СТУДИО
Автономно креирање на поединечни вежби, ракометни напади, различни варијанти на одбрана и комплетни ракометни тренинзи.
Ракометно Студио е софтвер кој овозможува мултимедијална обука и анализа на ракометен тренинг, цел натпревар или на поединечни напади, одбрамбени формации, дури и поединечни движења на секој играч пооделно.
Со Ракометно Студио, можете да додавате и отстранувате играчи, голмани и реквизити., но и да дефинирате движења до најситни детали.
Ракометен голман
Вежби, видеа, комплетни тренинзи, стручни совети и коментари. Доволно за успешна обука на ракометни голмани и на оние кои што тоа сакаат да бидат. Детален опис на секоја реакција, движење и поставување.
Ракометен напад
Целосно разработени ракометни напади, осврти и анализи. Можност за адаптација спрема различни перформанси на поедини играчи и тимот во целина.
Ракометни вежби
Креирајте неограничен број на вежби од кои со правилно комбинирање се добиваат голем број на ракометни тренинзи, прилагодливи спрема потребите и можностите на секој играч пооделно и тимот во целина.
Со само неколку клика, креирајте одлични индивидуални и идеално конципирани колективни тренинзи, се разбира со пропратна анализа на истите.
Ракометна одбрана
Детално разработени ракометни вежби, различни формации на одбрана, теоретски осврти и анализи. Адаптација спрема индивидуалниот и колективниот перформанс.