Услуги
01. Спортски консалтинг
Прибирање, систематизација и анализа на податоци
ТЕЅ (Team Evaluation Software)
Прибирање, систематизација и анализа на податоци од натпревари, првенстава и цели натпреварувачки сезони со употреба на специфичен и наменски дизајниран софтвер ТЕЅ.
100% прецизност и сеопфатност на прибирање, систематизирање и анализа на податоци.
ТЕЅ е интуитивен софтвер кој овозможува детална, логичка и працизна анализа на секој сегмент од ракометната игра.
Директна поврзаност со огромна база на податоци преку која се обезбедуваат неограничен број на детални информации.
ТЕЅ овозможува прецизна анализа и извештаи за поединечни натпревари, тимови или поединци, за цели национални првенства, по сезона или во период дефиниран по желба на клиентот.
Сите извештаи се достапни во дигителна, видео и печатена форма.
Повеќе од 40 извештаи за секој натпревар со конкретна анализа за секој сегмент од натпреварот.
Придобивки:
-
Подобрени аналитички способности на тимовите и спортските организации
-
Значително подобра достапност до потребните податоци, во секое време и на секое место
-
Намалување на цената на скаутинг и тренинг процесот
-
Непречено прибирање, систематизирање и достапност на податоци за спортските новинари...
Спортски талент менаџмент
Постојаниот развој и перманентната промена на условите на функционирање на спортските организации, сакале тие или не, неминовно води кон актуелизирање на потребата од паралелно еволуирање на начинот на однесување и задоволување на потребите на сигурно најважниот дел во нивното функционирање.
Тоа е несомнено талентот со кој располагаат спортските организации.
Содржина на консалтинг услугата:
-
Откривање, привлекување и регрутирање на квалификувани кандидати со неопходни компетенции;
-
Менаџирање и дефинирање на компетитивни плати;
-
Создавање и развивање на можности;
-
Менаџирање на изведба;
-
Програми за задржување;
-
Промоција и транзиционирање...
Скаутинг
Правилно разбраниот и имплементиран скаутинг, конкретно ставен во функција, ќе овозможи правилна организираност, конкурентска предност, можност за создавање на повисока организациска култура и речиси идеална основа за успешно функционирање на талент менаџментот, што во суштина ќе го овозможи успешното и непречено функционирање на спортската организација.
Скаутингот е многу повеќе корисен отколку што е неопходен.
Придобивки:
-
Намалување на трошоци;
-
Мотивација;
-
Креирање на сопствена база на податоци;
-
Скратување на времето на реакција;
-
Побрзо и поефикасно справување со промени;
-
Вистинска конкурентска предност;
-
Анализа и евалуација на перформанс...