Услуги
02. Обуки
Спортска исхрана
Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти
Содржина на обуката:
-
Тренинг диета;
-
Најдобри фитнес продукти;
-
Спортски суплементи;
-
Нутритивна стратегија за натпревари;
-
Анатомија и физиологија на дигестивен систем;
-
Готвач за правилна и вкусна спортска исхрана...
Времетраење 70 часови
Индивидуален тренинг
Вистинскиот спорт не признава и не трпи импровизации!
Индивидуалното тренирање во секој спорт е неопходно во процесот на креирање на висококвалитетни спортисти.
Дали индивидуалните тренинзи се потребни за секого и во секое време?
Секако дека не!
Онаму каде што постои реална проценака дека може да биде подобрен перформансот на самиот спортист, тогаш се разбира дека индивидуалните тренинзи се неопходен и најефикасен начин за постигнување на поставената цел.
Индивидуалните тренинзи со младите спортисти треба да овозможат услови за правилна и напорна работа која скоро безусловно ќе доведе до успех во сениорскиот период од кариерата на спортистот.
Младите спортисти неопходно е да се усовршуваат и да помогнат во препознавањето на нивниот талент во морето на подеднакво добри спортисти.
Успехот на секој спортист поединечно, зависи од неговата беспрекорна техника, високофункционална моторика и избалансираната психичка подготвеност!
Спортски талент менаџмент
Развој и имплементација на спортски талент менаџмент систем
Содржина на обуката:
-
Улогата на талент менаџментот во подобрување на функционалноста на спортските организации;
-
Развивање на сопствен талент;
-
Аналитички опции во рамките на спортскиот талент менаџмент;
-
Препознавање и соодветен одговор...
Времетраење 80 часови
Скаутинг и Планирање
Скаутинг, планирање и креирање на циклуси
Содржина на обуката:
-
Планирање;
-
Прибирање на податоци;
-
Скаутинг сегменти;
-
Анализа и евалуација на перформанс;
-
Креирање и користење на споствени бази на податоци;
-
Креирање на стратегија...
Времетраење 80 часови
25 години акумулирано искуство
Спортски консалтинг и обуки
Квалитетни програми за високостручни и наменски обуки, со современи методи и средства, кои овозможуваат подигнување на нивото на компетенции и непречен развој.
Ние сме целосно насочени кон нашите клиенти и инсистираме на квалитет, практичност и доследност. Сериозно сме посветени на сите клиенти и на секој наш клиент пооделно.