© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook

Услуги

04. Спортска исхрана

Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти

Сметам дека книгата е многу корисна и ќе инспирира голем број од спортистите одговорно да се однесуваат во поглед на избор на храната, количината на храната, како и во поглед на времето кога таа ќе се зема. Книгата е корисна и за останатата популација, бидејќи дава препораки за правилна и здрава исхрана, особено кога како една од последиците на модерниот начин на живот е и прекумерната телесна тежина. Од сето горе наведено, книгата ќе биде корисна за читателите, заради што топло ја препорачувам.

Проф. Др. Лилјана Божиновска

Државен Универзитет на Јужна Каролина

нарачај...

Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ ги сублимира најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана на спортистите, почнувајќи од изборот на квалитетни прехрамбени производи, додатоци, начин на приготвувањето, време на консумација, а се со единствена цел за максимално искористување на хранливите градбени и енергетски состојки на храната.

Стручниот аспект на книгата не ја прави помалку достапна и за пошироката читателска публика. Оваа книга е голем придонес за спортистите, тренерите, другите спортски работници, но ќе биде многу корисна и за секој човек кој би сакал да дознае повеќе за правилната исхрана.

Проф. др-сци Лазар Лазаров F.E.S.C

Специјалист интернист – субспецијалист кардиолог

Универзитетска Клиника за Кардиологија – Скопје

Редовен Професор по Интерна Медицина на Медицински Факултет при

Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје

нарачај...

Големиот труд  вложен да се напише овај според мене неодминлив учебник, ќе им биде од голема корист на спортистите, нивните тренери, клубските лекари и студентите на кои  исхраната на спортистите е составен дел на  наставните предмети кои ги изучуваат. Авторите се потрудиле да се` биде напишано на разбирлив начин и концизно, за да правилно се разбере како треба да изгледа правилната исхрана, и уште повеќе, правилната спортска исхрана, која ќе придонесе кон зголемување на нивото на снага, брзина, и другите својства потребни за високи спортски резултати.

 Др. Игор Алтипармаковски

Специјалист по Спортска Медицина

нарачај...

01.png
04.png
06.jpg

Услуги

Тренинг диети:

  • Правилно користење на пирамида на исхрана

  • Нутритивна стратегија пред, за време и после тренинг

  • Хидратација

  • Суплементација

побарај услуга...

Стратегија на исхрана за натпревари:

  • Видови на хранливи намирници

  • Количина

  • Време на конзумација

  • Наменска нутритивна стратегија во зависност од спортот

побарај услуга...

Готвач за правилна и вкусна спортска исхрана - изберете храна која е вкусна и истовремено ќе одговара на вашите енергетски потреби:

  • Појадок ( 7 рецепти)

  • Супи (12 рецепти)

  • Главни оброци (11 рецепти)

  • Вегетаријански главни оброци (11 рецепти)

  • Салати и преливи (16 рецепти)

  • Тестенини, ориз и друга зрнеста храна (19 рецепти)

  • Колачи (15 рецепти)

  • Напитоци / смути (8 рецепти)

Готвач
1290 ден.
нарачај