Добредојдовте во нашата спортска библиотека
Целта на постоењето на оваа спортска библиотека е да се направи придонес кон спортската едукација и стручното унапредување, за сите оние на кои спортот им претставува задоволство, професија и секојдневие.
Во нашата библиотека имате можност да го изберете она што Ви е потребно од големиот број на трудови кои се пред се стручни и уникатни.
Па повелете избирајте и уживајте !
Продукти
Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти
Квалитетниот спорт бара знаење, напорна работа, упорност и секако адекватна, правилна и квалитетна исхрана. Оваа стручна книга во моментов е единствена на македонски јазик, која ја обработува темата за правилна исхрана на спортистите. Тука се сублимирани најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана на спортистите, почнувајќи од изборот на...
Спортски талент менаџмент систем
Промената на перцепцијата и условите, неминовно води до промена во начинот на функционирање на спортските организации. Тоа условува потенцирање на потребата од сеопфатна имплементација на квалитетен Талент Менаџмент во современите спортски организации...
Скаутинг
Во овој труд е дефиниран скаутингот како потреба за непречен развој на спортските организации. Тука се објаснети правилата по кои се раководат скаутинг агентите како и професионализмот и етиката во скаутингот. Опишан е и текот на скаутинг процесот, како насочност по кој во суштина би требало да се одвива скаутинг процесот...
Планирање и скаутинг
Практичен приказ на планирањето и скаутинг процесот. Хронолошки опис на начинот на планирање, прибирање на податоци и анализа на истите, според потребите на спортската организација. Сеопфатно помагало за правилна и прецизна анализа на индивидуалниот и тимскиот перформанс...
Мини ракомет
Текстот, илустрациите и цртежите вкомпонирани во една целина и совршено стручно разработени им даваат на тренерите и на спортските педагози можност да навлезат во тајните на мини ракометната игра. Посебно импонира оригиналноста на трудот, што значи дека иако е прв, има големо значење во напредокот на оваа спортска игра...
Цената на златото
„Цената на златото“ е книга која е наменета за сите оние кои се дел од ракометот како спорт и преку неа авторот дава одговор и решенија на проблемите со кои се соочуваат клубовите, тренерите, младите спортисти, родителите и сите инволвирани во процесот на откривање, развивање и создавање на идните врвни спортисти.
Спортски готвач
Готвач за правилна и вкусна спортска исхрана - изберете храна која е вкусна и истовремено ќе одговара на вашите енергетски потреби:
-
Појадок ( 7 рецепти)
-
Супи (12 рецепти)
-
Главни оброци (11 рецепти)
-
Вегетаријански главни оброци (11 рецепти)
-
Салати и преливи (16 рецепти)
-
Тестенини, ориз и друга зрнеста храна (19 рецепти)
-
Колачи (15 рецепти)
-
Напитоци / смути (8 рецепти)
HS - Handball studio
Автономно креирање на поедини вежби, ракометни напади, различни формации на одбрана и комплетни ракометни тренинзи. Ракометно студио е софтвер кој овозможува мултимедијална подготовка и анализа на тренинг, натпревар, поединечни напади, одбрамбени формации, дури и движење на секој играч пооделно...
CD - напад
Колекција од три (3) мултимедијални CD-a со по осум (8) различни напаѓачки варијанти (вкупно 24 напади).
Секоја напаѓачка опција е прикажана преку дата запис, видео презентација и дополнителна детална анализа на секој сегмент од нападот.
нарачај - 1200 ден. - цена за колекција
(500 ден. единечна цена по CD)
Претворање на талентите во ѕвезди
Исто како што на тренерот му е потребна довербата од неговите играчи, а ја добива преку чесност, стручност и преку позицијата на која се наоѓа, така и талентираните играчи имаат потреба од можност да бидат различни и оригинални, додека пак ракометниот тим има потреба од победничка и толерантна атмосфера...
Кога се користи отворена одбрана и зошто
Отворените одбрани се комплексен дефанзивен систем кој доколку биде правилно поставен и применет во услови на максимална техничко тактичка дисциплина, ќе обезбеди позитивен резултат тогаш и таму каде што ќе биде применет...
Правила кои би требало да ги игнорирате
10 најголеми митови за слабеење кои сеуште ги слушате...