top of page

Мини ракомет
првиот чекор кон вистинска ракометна иднина

Во периодот кога достапната литаратура, за мини-ракомет,

во Република Македонија е навистина ретка и скромна, со задоволство

може да се заклучи дека авторот вложил голем труд во концепирање

и составување на комплетниот материјал.

Концепциски трудот ги опфаќа сите важни елементи од обучувањето

на техниката во мини-ракометот, со посебен осврт на правилното

изведување на елементите од основната ракометна техника.

Посебна вредност на трудот претставува освртот на селекцијата на

младите ракометари како појдовна основа во формирање на

комплетна ракометна личност.

Во тој правец со посебно задоволство можам да го препорачам овој труд

на наставниците во основните и средните училишта, како и на сите

тренери кои работат со млади катагории.

 

Со почит

Проф. д-р.  Гино Стрезовски

                                                      

Mini Rakomet MK.jpg

Рецензија за книгата

,,Мини ракомет - првиот чекор кон вистинска ракометна иднина“

од авторот Николче Костовски

Mini Rakomet 3D.png
16.png

Публикацијата – прирачникот за мини-ракомет, од авторот -  ракометен трнер Николче Костовски, дава можност за потполна едукација на стручниот кадар во оваа спортска игра. Текстот илустрациите и цртежите, вкомпонирани во една целина и совршено стручно разработени им даваат на тренерите и на спортските педагози можност да навлезат во тајните на мини-ракометот, а потоа своите знаења стручно да ги применат во работата со најмладите категории.

Посебно импонира оригиналноста на трудот, што значи дека истиот и ако е прв од ваков вид ќе има големо значење за напредокот на оваа спортска игра која е се по популарна и масовно прифатена од младата популација.

Прирачникот за мини-ракомет не само што ги задоволува основните критериуми во областа во која е наменет, туку дава големи можности за стручно усовршување на тренери и педагози во работата со помладите категории во оваа спортска игра. Ова е неопходно со оглед на тоа дека се работи за посебни возрасни карактеристики на децата и посебни карактеристики на оваа спортска игра во овие возрасти.

 

И на крајот треба да се додаде дека релевантните фактори треба ваквите

проекти безрезервно да ги поддржат, како би дале допринос во развојот на

оваа спортска игра.

 

Неделко Неделковски

ЕХФ Супервизор

Рецензија за книгата

,,Мини ракомет - првиот чекор кон вистинска ракометна иднина“

од авторот Николче Костовски

Во немањето на доволно квалитетно и стручно усовршување на тренерскиот кадар, во Македонија, посебно за младите категории и почетниците, издавањето на учебник претставува вистинска добивка за ракометниот развој на младата популација. Само на овој и ваков начин ракометот, нашиот најтрофеен спорт ќе го врати своето реноме.

Светот, а посебно Европскиот континент од поодамна своето внимание го има насочено кон мини-ракомет, во кој всушност се учат првите ракометни чекори, движења и додавања на топката што би значело, внесување на љубов во срцето на најмладата популација, што речено со спортски жаргон значи примање на доживотна спортска вакцина.

Кога еден млад ракометен стручњак ќе направи ваков голем труд, во кој пред се вложил многу знаење, време и се разбира финансиски средства, мора да се каже дека тоа го сработил од срце.

Ракометни стручњаци, ВИЕ кои сте на почетокот на кариерата или пак долги години работите со оваа категорија ракометари, ваков прирачник е најдоброто што се случува во Македонскиот ракомет.

Без комплименти;

Мајсторе Костовски ти благодариме!

 

Сандре Темелковски

Ракометен тренер

Рецензија за книгата

,,Мини ракомет - првиот чекор кон вистинска ракометна иднина“

од авторот Николче Костовски

Mini Rakomet MK.jpg

Содржина:

 

  1. Играта мини-ракомет во функција на здравјето на децата           

1.png
2.png

2. Вовед

3.png
4.png

3. Селекција во мини-ракометот

5.png

4. Етапи на селекција во мини-ракомет

6.png

5. Критериуми на селекција во мини-ракомет

7.png

6. Основи на спортски тренинг во мини-ракомет

8.png
9.png

7. Методи на спортски тренинг во мини-ракомет

10.png

8. Законитости и принципи на спортски тренинг во мини-ракомет

11.png

9. Основна техника во мини-ракомет

10. Основна техника на движења во мини-ракомет без топка

11. Основен одбранбен став во мини-ракомет                                                       

12. Скокови                                                                                                                                

13. Паѓања

12.png
13.png

14. Основна техника на движење во мини-ракомет со топка

15. Водење на топка

16. Примање на топка

17. Додавање

18. Удари на гол

14.png

19. Неколку препораки за работа на школите за мини-ракомет

20. Правила за мини-ракомет 

15.png
17.png
18.png
19.png
20.png
21.png
22.png
bottom of page