Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје
613.2:796
КОСТОВСКИ, Николче
Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти /
Николче Костовски, Ненад Златановиќ. - Битола : Н. Костовски, 2016. -
226 стр. : илустр. ; 21 см
Библиографија: стр. 225-226
ISBN 978-608-65932-0-9
1. Златановиќ, Ненад [коавтор]
а) Исхрана на спортисти
COBISS.MK-ID 100490506
Рецензија за книгата
,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“
од авторите Костовски Николче и Златановиќ Ненад
ISBN: 978-608-65932-0-9
Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ е напишана како популарна книга која ќе биде од голема помош за спортистите. Стилот на кој е напишана книгата е лесен и разбирлив и со тоа достапен за широката популација на спортисти. Исто така книгата ќе биде од корист и за популацијата која се занимава со рекреативен спорт, како и за популацијата која сака да се стекне со знаење поврзано со правилна исхрана.
Книгата ги содржи следните поглавија:
-
Вовед – во овој дел се дадени воведни информации поврзани со видовите на хранливите состојки и енергијата која тие можат да ја обезбедат.
-
Метаболизам – во овој дел кој е поткрепен со пет слики, на лесен начин објаснети се метаболните процеси, особено катаболизмот како процес на создавање на енергија. Ова ќе допринесе спортистите во основа да се запознаат со процесите кои што се одвиваат на ниво на клетките, а се поврзани со ослободување на енергијата.
-
Енергија – во ова поглавје се воведува и објаснува терминот базален метаболизам, а преку табеларен приказ се прикажани и нормалните вредности на истиот за различни возрасни групи.
-
Јаглени хидрати – во ова поглавје кое вклучува три слики и три табели, дадени се основни информации за важноста на јаглените хидрати во исхраната, како и потребата на организмот за јаглени хидрати во зависност од физичката активност. Исто така објаснет е гликемичниот индекс и класификацијата на јаглените хидрати во зависност од истиот, како и терминот гликемичен внес. Во ова поглавје на популарен начин објаснета е дигестијата на јаглените хидрати.
-
Влакна – во ова поглавје дадена е дефиницијата и количината на овој вид на храна кој треба да биде застапен во исхраната.
-
Протеини – во овој дел кој вклучува една слика и една табела со приказ на содржината на протеини кај различни видови на храна, даден е опис на видовите на протеини и на процесот на дигестија на протеините.
-
Масти – во овој дел прикажани се видовите на масти кои се наоѓаат во храната, како и табеларен приказ на нивната содржина во различни видови на храна. Исто така опишан е процесот на дигестија на мастите.
Во поглавјата од 8 до 12 опишано е значењето на витамините и минералите, фитонутритиентите, антиоксидантите, солта водата и алкохолот во нормалната исхрана, како и нивните содржини во различни видови на храна, претставено на две табели и три слики.
Поглавјето 12 се однесува на тренинг диетите, и се базира на правилно користење на пирамидата на исхрана, при тренирање, прикажана на слика 12.1, како и кои видови на храна да се користат пред тренинг, за време на тренажниот процес и по тренинг. Авторите во овој многу важен дел од книгата кој дава битни совети за спортистите, прикажуваат 4 табели со кои информациите ги прават полесно достапни за читателите.
Тринаесеттото поглавје е посветено на процесот на слабеење кој е од голема важност како за популацијата на спортисти, така и за популацијата на рекреативци или на тие кои што не се бават со спорт. Преку две табели даден е приказ на разни прехрамбени намирници и енергетската густина на храната и индексот на ситост кај тие намирници.
Во 14-то поглавје даден е приказ на 11 најдобри фитнес хранливи намирници, со објаснување зошто спаѓаат во оваа група и кога треба да се користат.
Поглавјето 15 се однесува на спортските суплементи. Во ова поглавје дадени се голем број на суплементи и совети како треба да се користат, но исто така авторите посветиле големо внимание на можното штетно дејство од нивното несоодветно употребување. Ова е особено важно да го знаат спортистите и да не се базираат само на добрите реклами од страна на производителите, но да бидат запознаени како за добрите исто така и за штетните последици од консумирањето на поедини суплементи.
Во поглавјето под број 16 дадена е стратегија на исхрана за натпревари. Во овој дел даден е многу корисен приказ на видовите на хранливи намирници, како и за нивните количини кои треба да се земаат во разни временски периоди, поврзани со натпреварите, водејки притоа сметка и за видот на спортот.
Во поглавјето 17 обработена е анатомијата и физиологијата на дигестивниот систем. На лесно разбирлив начин даден е анатомски преглед на сите делови на дигестивниот систем. Соодветно за секој дел опишана е функцијата која ја остварува во процесот на дигестија на храната. Овај дел е поткрепен со осум слики за анатомските структури на дигестивниот систем, кои го прават стекнувањето на знаења за оваа област, интересно и лесно.
Во посебен дел од книгата даден е преглед на рецепти за вкусна и правилна исхрана. Овој дел е организиран на тој начин што се прикажани 7 рецепти за појадок, 12 рецепти за супи, 11 рецепти за главни оброци, 11 вегетаријански главни оброци, 16 рецепти за салати и преливи, 19 рецепти за тестенини, ориз и друга зрнеста храна, 15 рецепти за колачи и 8 напитоци. Овие рецепти ќе бидат од голема корист за спортистите да изберат храна која ќе биде вкусна, а во исто време ќе одговара на енергетските потреби на спортистите.
Последниот дел од книгата дава преглед на литереатурата од каде се гледа дека авторите за време на пишување на книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“, користеле 30 книги и/или часописи од реномирани автори во соодветната област.
Сметам дека книгата е многу корисна и ќе инспирира голем број од спортистите одговорно да се однесуваат во поглед на избор на храната, количината на храната, како и во поглед на времето кога таа ќе се зема. Книгата е корисна и за останатата популација, бидејќи дава препораки за правилна и здрава исхрана, особено кога како една од последиците на модерниот начин на живот и прекумерната телесна тежина. Од сето горе наведено, книгата ќе биде корисна за читателите и ја препорачувам за издавање.
Проф. Др. Лилјана Божиновска
Државен Универзитет на Јужна Каролина
Рецензија за книгата
,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“
од авторите Костовски Николче и Златановиќ Ненад
ISBN: 978-608-65932-0-9
Квалитетниот спорт бара знаење, напорна работа, упорност и секако адекватна, правилна и квалитетна исхрана.
Оваа стручна книга во моментов е единствена на македонски јазик која ја обработува темата за правилната исхрана на спортистите. Во неа се опишани најважните аспекти за правилната исхрана на спортистите, почнувајќи од дигестивниот систем и основните метаболни процеси.
Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ ги сублимира најновите стручни и научно засновани податоци и препораки за оптимална исхрана на спортистите, почнувајќи од изборот на квалитетни прехрамбени производи, додатоци, начин на приготвувањето, време на консумација, а се со единствена цел за максимално искористување на хранливите градбени и енергетски состојки на храната.
Стручниот аспект на книгата не ја прави помалку достапна и за пошироката читателска публика. Оваа книга е голем придонес за спортистите, тренерите, другите спортски работници, но ќе биде многу корисна и за секој човек кој би сакал да дознае повеќе за правилната исхрана.
Оваа книга би требало да даде барем некои одговори и да разреши некои дилеми, сврзани со ова толку важно поглавие во спортот, а се со цел унапредување на квалитетот на спортот, но и квалитетот на животот на оние кои го чинат спортот, а тоа се пред се спортистите, но и граѓаните кои го сакаат спортот.
Книгата ја препорачувам за издавање.
Проф. др-сци Лазар Лазаров F.E.S.C
Специјалист интернист – субспецијалист кардиолог
Универзитетска Клиника за Кардиологија – Скопје
Редовен Професор по Интерна Медицина на Медицински Факултет при
Универзитет Свети Кирил и Методиј, Скопје
Рецензија за книгата
,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“
од авторите Костовски Николче и Златановиќ Ненад
ISBN: 978-608-65932-0-9
Книгата ,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ ја пополнува празнината од оваа област која се чувствува на овој простор, што ја прави книгата вредна и препорачлива за издавање.
Големиот труд вложен да се напише овај според мене неодминлив учебник, ќе им биде од голема корист на спортистите, нивните тренери, клубските лекари и студентите на кои исхраната на спортистите е составен дел на наставните предмети кои ги изучуваат.
Авторите се потрудиле да се’ биде напишано на разбирлив начин и концизно, за да правилно се разбере како треба да изгледа правилната исхрана, и уште повеќе, правилната спортска исхрана, која ќе придонесе кон зголемување на нивото на снага, брзина, и другите својства потребни за високи спортски резултати.
Во изготвувањето на трудот кој е пред Вас, користени се современи податоци, што несомнено ја зголемува вредноста на напишаното.
Рецептите на крајот од книгата можат да бидат од голема корист не само на спортистите туку и на рекреативците и на секој човек поединечно, како основно помагало кон секојдневната правилна исхрана.
Оваа книга ја сметам за корисна и ја препорачувам за издавање.
Др. Игор Алтипармаковски
Специјалист по Спортска Медицина
Содржина
,,Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“
од авторите Костовски Николче и Златановиќ Ненад
ISBN: 978-608-65932-0-9
Вовед
Метаболизам
Метаболизам на срцев мускул
Метаболизам на напречнопругаста мускулатура
Бета β-осидација
Гликолиза
Циклус на лимонска киселина
Метаболизам на гликоген
Енергија (калории)
Јагленихидрати
GI
GL
Дигестија на јагленихидрати
Абсорпција на јагленихидрати
Влакна
Протеини
Амино киселини
Дигестија на протеини
Абсорпција на протеини
Масти
Дигестија на масти
Абсорпција на масти
Витамини и минерали
Абсорпција на витамини и минерали
Фитонутритиенти
Антиоксиданти
Сол
Вода
Алкохол
Тренинг диета
Пред тренинг
За време на тренинг
После тренинг
Слабеење
SI-Индекс на Ситост
Најдобри фитнес хранливи продукти
Спортски Суплементи
Нутритициона стратегија за натпревари
Маратони,спринтови и слични атлетски натпреварувања
Фудбалски, ракометни и кошаркарски натпревари
Анатомија на Дигестивен Систем
Вкусна и правилна исхрана - ГОТВАЧ
Појадок
Супи
Главни оброци
Вегетаријански главни оброци
Салати и Преливи
Тестенини, ориз и друга зрнеста храна
Колачи
Smoothies – Пијалоци
Литература