top of page

Планирање и скаутинг

Рецензија за книгата

,,Планирање и скаутинг“

од авторот Николче Костовски

 

„Несомнено е дека вистинскиот и правилен развој на ракометот и спортот воопшто како основен услов ја поставува одличната организацја“ - И тоа е навистина така и е секако познато.

„Планирање и Скаутинг“ дава можност на секого да го преиспита патот по кој тргнал во создавањето на вистински професионален ракометен тим.

 

Tоа што е напишано во книгата „Планирање и скаутинг“ е вистински патоказ и вистинска потпора и помош на луѓето на кои ракометот им е живот.

 

Концепциската поставеност на оваа книга го опфаќа процесот на правилен развој на една ракометна екипа.

 

Сосема сигурно е дека ако познавањето на методиката на тренинг, техничко-тактичката, физичката и психичката подготовка на играчите е неопходна за успехот на една ракометна екипа, тогаш скаутингот, во онаа форма во која е предложен во „Планирање и Скаутинг“ на Николче Костовски е сигурен патоказ до загарантиран успех.

 

Без какво и да е понатамошно образлагање, најсрдечно Ви предлагам и препорачувам да ја имате оваа книга за себе како скоро неопходно помагало во работата на сите кои се инволвирани во ракометот.

 

Честитки за успешната работа

Стефан Албрехтсон

РК Сефехоф – Гетеборг – Шведска

рецензија - Copy.jpg
потпис Стефан Албрехтсон.png
Planiranje i Skauting 3D.png

Предигра

 

 

Развојот на кој и да е спорт, а особено Ракометот во сегашните услови на развој на играта, раст на популарноста и се поголемата научно стручна инволвираност во припремата на ракометарите, условува беспрекорна организациска поставеност.

 

Колку тоа и да звучи изнасилено и нереално, колу и да сакаме ние да го признаеме тоа или не, тоа е навистина така, а како доказ можам  само да ја посочам дискрапанцата која е се поочигледна помеѓу првиот ешалон на Европски тимови кои организациски, претставуваат монструми, во однос на условно речено послабите тимови од Европа и остатокот на светот.

 

И не е така само поради тоа што овие големи клубови во своите редови ги имаат речи си` секогаш најдобрите светски играчи, бидејќи сосема е јасно дека по правило тие играчи доаѓаат од послабите клубови, кои колку и да се упорни во настојувањето да ги зачуваат своите играчи, секогаш ја губат таа трка.

 

Е сега големо прашање е колку тие клубови се способни да ги забележат навремено квалитетите на секој од играчите кои се во нивните редови. Еве го и одговорот. Речи си никој или да бидам попрецизен никој од тое клубови не се способни да го видат и зачуваат она што го поседуваат. Нивната организациска поставеност е скоро никаква. И ако Гигантите се спремни во секој момент, да за само еден миг  се вивнат во Вселената, останатите едвај би можеле да останат на кривулестата патека која самите си ја одредиле.

 

Се извинувам на начинот на кој ја вршам споредбата но тоа е навистина  така. И тоа не само заради големите буџети со кои располагаат најголемите и најуспешни Европски клубови, тоа е во прв ред заради ОРГАНИЗАЦИСКАТА ПОСТАВЕНОСТ, ЗНАЕЊЕТО И ВИЗИЈАТА  која ја имаат луѓето кои се вклучени во работата на тие клубови.

 

Непостоењето на правилна и мошне важно целосна организациска поставеност во секој сегмент од работењето на кој и да е ракометен клуб, порано или подоцна води  неминовно до целосено и неизбежено пропаѓање на клубот.

 

Парцијалното решавање на проблемите кои се постојано присутни, доведува до се подлабоко  тонење не само на клубот и оние кои се задолжени за неговото функционирање, туку и што е уште поважно и пожално, доведува до деградирање и уништување на играчите, и тоа не само на оние кои настапуваат во првите екипи, туку и на сите останати, од најмладите па се до крај. Не помалку болна е и пропаста на брендот кој го носи клубот со себе, ако некој можеби некогаш успеал да го создаде (ова се однесува во прв ред на Балканските и Источноевропските клубови, кои по правило бележат надолна линија во развојот, поради губењето на комунистичката закрила и крајната неспособност за преориентирање во условите на пазарната економија).

Неспособноста за правилна организација на функционирањето на клубот неминовно води до постојани обиди за заобиколување и искривување на правилата на спортско работење, негрижа за играчите кои се секогаш недоволно платени, работат во катастрофални услуви, во сали кои во зима се со температура на воздухот до – 30 С, а во лето со температура од +30 С, играчи кои не се доволно често и доволно стручно лекарски прегледи, играчи кои во секое време се подложни на уцени,условувања и т.н.

 

Постојаните обиди за забошатување на правно - економскиот систем на земјата во која фунционираат ваквите сенки од клубови, условува да нивните банкарски сметки се по правило празни со одамна запалено црвено светло. Губењето на публиката од салите е неминовност и сосема нормална последица, па неретко се среќаваат и доволно дементни „водачи“ на тие клубови кои со проневерените пари плаќаат одрредени екстремни сегменти на општеството, кои преоблечени во боите на клубот ја претставуваат божемната публика на тој клуб...

 

Книгава е напишана не со намера да критикува (и ако конструктивна критика би требало за секого да е добредојдена), не со намера да филозофира (во спортот нема место за филозофија) и не со желба некој да биде понижен. Туку со вистинска идеја да се помогне во правилниот развој и да се укаже на грешките кои се секојдневие кај најголемиот број на ракометни клубови (секоја чест на исклучоците).

 

Наполно сум свесен дека кај многумина ќе се јави желба зе критика, но би сакал да напоменам дека тоа е за жал реалност денес, а треба само мал напор да сето тоа се корегира и се овозможи вистински процвет на Ракометот.

Planiranje i Skauting MK.jpg

Познавањето на секој играч пооделно, искомбинирано со вистинскиот тренерски тим и беспрекорната спортска организираност, е сигурен и непобитен предуслов за успех (100%).

 

Апсолут на работата и евиденцијата на секој професионален ракометен клуб.

профил на играч.jpg

Едно е сигурно, колку и да сте успешни во својата работа, треба да се биде постојано свесен дека постојат во истиот момент барем неколку подеднакво успешни или поуспешни од Вас во тоа што го работите.

Е за да бидете сигурни во тоа што го работат другите, некој некогаш го измислил Саутингот.

 

Сериозно, без правилно и добро развиен Скаутинг невозможен е пристапот до врвот.

 

1. Скаутинг во прв ред за предностите и недостатоците на играчите во останатите клубови кои  се од интерес за Вас.

2. Скаутинг за начинот на игра на екипите од интерес за Вас.

3. Скаутинг за надополнување и корегирање на недостатоците на Вашата екипа.

4. Скаутинг за да можете да го имате вистинскиот играч, во вистинскиот момент, кога на Вас ќе ви биде потребно.

   

Без успешен Скаутинг, неможно е пронаоѓањето на вистинскиот играч кој треба да го доведете во Вашите редови, вистинската игра со која ќе се спротивставите на останатите, вистинските слабости и предности на противниците и вистинскиот пат до успехот.

 

Дозвоете им на Скаутинг експертите да го помогнат развојот на Вашиот клуб!!!

 

Еве можност  доколку до сега не сте го направиле тоа, да со помош на оваа книга создадете Скаутинг потпора на вашиот ракометен клуб.

надворешни играчи.jpg

Се на сé спортот е сериозна работа, сериозен и напорен начин на живот, неизбежен сегмент од животот на луѓето.

 

Меѓутоа, спортот, особено ракометот не е операција на срце, тоа е забава, рекреација, релаксација, добро утро и добра ноќ за најголемиот дел од луѓето на оваа планета, еликсир за многумина, излез од напорното секојдневие, светла иднина за многу млади и широка насмевка на минатото за постарите.

 

Припомнете си само колку убави моменти сте поминале на бетонските ракометни игралишта и ракометните сали, како играч, тренер, навивач, во скутот на вашите родители, еден до друг со вашите другари, во прегратката на вашите дечиња.

Колку радост, солзи, модрици, нови познанства, пријателства и љубови сте понеле дома после ракометниот натпревар?

 

Дали се сеќавате на моментот кога сте го подигнале пехарот, на моментот кога вашите играчи ве подигнале во воздух, на моментот кога сте го постигнале првиот гол, кога сте го одбраниле првиот шут, кога сте го досудиле првиот седмерец, кога за прв пат сте влегле во салата цврсто стегајки ја раката на вашиот татко, а вревата, светлината и возбудата си поигруваа со вашето срце, го помните ли минатото и дали можеби можете да ја видите блескавата иднина кога и вие ќе им го овозможите тоа на вашите деца?

 

Знаете ли дека масовниот развој на спортот докажано го намалува ризикот од болести на зависност и пореметувања во телесниот развој на децата? 

 

Заради сонот на малите дечиња кои за прв пат ќе влезат во ракометната сала и за прв пат ќе ја земат во своите нежни рачиња ракометната топка, заради младите играчи кои во наши раце ја ставаат својата иднина, заради оние кои што ракометот го избрале за свој живот, заради публиката, заради правилниот развој на младите, заради подобрување на квалитетот на животот, заради радоста, заради пролеаните солзи за својот клуб, заради профитот, заради човечноста која ја имаме, заради самите нас и нашето минато сегашност и иднина, наша обврска е да го развиваме спортот – ракометот, најдобро што знаеме и умееме!!!

bottom of page