top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Зошто во ракометот сите се некомпетентни, а сметаат дека се експерти

Дали сте способни како што мислите дека сте?

Колку сте добри во креирањето на соодветен тренинг, колку сте добри во водењето на натпреварите, какво е здравјето на вашите спортисти во споредба со другите, дали сте подготвени да ги прифатите туѓите успеси, дали вашите резултати се над просекот...?


Свесноста за тоа колку сме компетентни и какви се нашите вештини во споредба со другите спортисти, е повеќе од самоевалуација. Тоа би требало да ни помогне да знаеме кога може да се потпреме на нашите одлуки и инстинкти, а кога би требало да побараме совет и помош.


Но, психолошките истражувања покажуваат дека не сме многу добри во смаоевалуирањето. Всушност многу често ги преценуваме нашите способности. За овој феномен постои и име Dunning – Kruger ефект.


Овај ефект ги објаснува резултатите од стотици истражувања (голем дел од областа на спортот, меѓу кои и нашето истражување – АМС Агенција за спортски консалтинг) од кои се гледа дека луѓето, особено спортистите и сите оние кои се вклучени во спортот кај нас, покажуваат илузорна супериорност.




Ние (спортистите во Македонија, особено ракометарите/ките и сите кои се вклучени во ракометот) се проценуваме како подобри од другите, до степен што ги нарушува законите на математиката.


Кога анкетиравме ракометари/ки и спортски работници од два различни клубови и ги замоливме да го оценат својот перформанс, 32% (ракометари/ки и тренери) од едниот и 45% од другиот клуб, се поставија себеси во врвните 5%. Во друго истражување, 88% од македонските ракометари/ки и тренери, сметаат за себе дека нивните способности се над просекот. Ова не се изолирани резултати, всушност ракометарите/ките најчесто се сметаат себеси подобри од другите во поглед на нападот, одбраната, издржливоста, носењето на одлуки, етиката и што ли уште не.


Она што е интересно е дека најчесто спортистите со најмали способности, најмногу ја преувеличуваат својата „вредност“. Спортистите кои се мерливо слаби во најголемиот дел од сегментите на спортот, но и логичното размислување, финансии, емоционална интелегенција, здравје и шах, секогаш ги вреднуваат своите способности на ниво на експерти.


Па, кој е најподложен на оваа заблуда?

За жал сите ние, заради тоа што сите имаме зони на некомпетентност кои не ги препознаваме.


Но зошто?


Кога психолозите Dunning и Kruger за прв пат ги опишале ефектите во 1999 година, покажале дека луѓето кај кои недостасува знаење и вештини во одредени области, имаат двоен недостаток. Прво тие прават грешки и носат неправилни одлуки и второ, предходно споменатите празнини во знаењето, ги спречуваат да ги увидат тие грешки. Со други зборови, кај спортистите кои имаат слаб перформанс, недостасува знаење за да увидат колку се лоши во тоа.


На пример кога истражувачите го истражувале перформасот во текот на еден поголем ракометен турнир, 25% од најслабо рангираните тимови, загубиле скоро 4 од секои 5 натпревари, но тие претходно сметале дека ќе победат во скоро 60% од случаите (Ви звучи познато?).


Без целосно познавање на проблематиката и воспоставен систем на разумно компетентна поддршка, ракометарите/ките, тренерите, селекторите, не може да препознаат зошто и во колкава мера, нивните вештини и компетенции се недоволни.


Dunning – Kruger ефектот не е прашање на егото кое не заслепува во однос на нашите слабости. Луѓето обично ги прифаќаат своите дефицити, откако ќе ги забележат.


Во едно истражување, ракометарите/ките кои иницијално поминаа лошо на тест за носење на одлуки и потоа одработија соодветен тренинг циклус за носење на одлуки, својот првичен перформанс најчесто го вреднуваа како ужасен. Тоа е веројатно причината заради која спортистите со умерено знаење и искуство, често имаат помала доверба во своите способности. Тие знаат доволно за да знаат дека има многу нешта што не знаат!


Од друга страна, експертите се свесни за тоа колку се упатени во конкретна проблематика, но тие често прават друг тип на грешка, заради тоа што сметаат дека и сите други се добри познавачи на истото.


Резултатот е дека луѓето без разлика дали се некомпетентни или поседуваат експертско знаење, често се фатени во меур на неточна перцепција за себе. Кога се некомпетентни, тие неможат да ја видат сопствената неспособност, а кога се особено компетентни, обично не се свесни за тоа колку се невообичаени нивните способности.

Па ако Dunning – Kruger ефектот е невидлив за оние кои го доживуваат, што може да направите за да откриете колку сте навистина добри во различни работи?

Прво, побарајте мислење од другите луѓе и размислете за тоа, дури и ако не се согласувате. Второ и уште поважно, продолжете да учите и тренирате. Колку повеќе знаење и вештини собираме, толку е поверојатно да го намалиме бројот на невидливите дупки во нашата компетенција.


Веројатно се се сведува на тоа да кога нешто објаснувате на будала, најпрво уверете се дека и другиот не го прави истото!


Николче Костовски

АМС Агенција за спортски консалтинг

03.02.2022

104 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page