top of page
Search

Кој и како ги вреднува спортистите кај нас?

Writer's picture: АСК Феникс АМСАСК Феникс АМС

Бидејќи секоја работа се започува од почетокот, а во овој случај почетокот е токму препознавањето и вреднувањето на постигнатите резултати и успеси во спортот, веројатно треба да се запрашаме, како и кој ги вреднува спортистите?


Во гените на секој човек е потребата за движење. Некои тоа го постигнуваат преку спортската рекреација, а други пак се поактивни и попосветени, па се вклучуваат во конкретни индивидуални или колективни спортови. Практикувањето на спорт го препорачуваат и лекарите, физиотерапевтите па дури и психолозите, како основен предуслов за правилен психотелесен развој, па дури и како алатка за намалување и сузбивање на стресот, а со тоа и овозможување на подолг и поквалитетен живот.


Сите ние мораме да бидеме свесни дека постои една посебна категорија која се вика деца и младинци, кои во спортот вложуваат време и енергија, се до оној момент кога „некој“ ќе препознае дека имаат потенцијал да одат едно скалило погоре, односно да почнат да се занимаваат со спорт професионално.



Тука настанува една ОГРОМНА грешка бидејќи во голем дел од случаите тој „некој“ е некој кој и не е особено стручен, коректен или целосно свесен за одговорноста која ја носи.


Да, токму тие причини и фактори се круцијалниот момент во целата приказна наречена вреднување на спортистот. Наместо тие „некои“ да се посветат на обезбедување на подобри услови за спортска активност и помагање во креирањето на успешни спортски приказни, тие „некои“ водени од личните суети, неостварени желби, алчност и несовесност, се поставуваат себеси во центарот на збиднувањата и истовремено приграбуваат се` до што може да се допрат. Тие некои истовремено без ни малку грижа на совест, себеси си се доживуваат како најзначајните личности во клубовите кои ги заробуваат (иако не поседуваат ни малку стручност и познавање за она што неизмерно се трудат да го поседуваат), делат награди по критериуми кои се познати само на нив самите (некогаш непознати дури и за нив) и секако за сето тоа богато си се „наградуваат“.


Кога сме кај факторите, во овој мој текст сакам само кратко да посочам еден од проблемите со кои се среќаваат нашите спортисти, а тоа е препознавањето на резултатите кои ги постигнуваат, нивното стимулирање и вреднување.



Постојат низа на активности кои постојано се промовираат, а кои треба во својата оригинална и благородна замисла да бидат насочени кон младите, кон постојана грижа за нив, кон континуирано следење на нивниот развој и кон способност за препознавање на нивните резултати.


Но што навистина правиме ние?


За почеток, таа одговорност ја доделуваме на оние „некои“ не кои се осврнав погоре во текстов.


Тие „некои“ кога ќе се обидат да разберат (бидејќи самите и не се интересираат премногу за спортот) дали е постигнат некаков спортски резултат, за кој што најчесто и немаат јасна претстава што значи, веднаш се ангажираат, се сликаат со „херојот или со хероите“, организираат приеми и прес коференции, и се останува на тоа.


Тие некои и не се интересираат како е постигнат тој резултат (сепак зафатени се луѓето со поинакви ангажмани) и по многу кратко време го забораваат успехот кој во моментот го величаат (се разбира се додека може да се сликаат).


Што се подразбира под тоа како е постигнат резултатот?


Потребно е да се види од какво натпреварување е остварен, која е конкуренцијата, во какви услови претходно работел спортистот/спортистите, бидејќи многу често тие исти вести кои ги читаат знаат да бидат напумпани од новинарите и тие бидејќи дотогаш не ги следеле, нормално е слепо да веруваат во нив.


Заради тоа доаѓаме до ситуација да огромни финансиски вложувања бидат насочени кон фантомски клубови, да се делат награди за присуство на некое натпреварување, ревносно да се бара одржување на наква си квази спортска творба заради блиски пријателски односи и лични интереси на тие „некои“.


Па, кога вака реално ќе се видат актуелните случувања, изгледа дека тие „некои“ се и доста влијателни и моќни. Се чудам како оние кои се „над нив“, не се сетиле дека ако вака продолжат, тие некои утре ќе се настрват и на нивната позиција или функција?


Заради тоа е потребна класификација, потребни се критериуми за вреднување на спортистите.


Тоа не можат да го направат тие „некои“, туку само лица кои се стручни и кои доволно долго се во спортот, па баш заради тоа имаат чувство и можат да направат доволно стручна и сеопфатна проценка што е приоритет за нашиот град, односно кои резултати се вредни за бележење и за нивно стимулирање, за во иднина да станат уште подобри и остварат придонес за нашиот град.


За ова не е потребно премногу да се бара, за среќа, кај нас постојат сеуште светли примери, кои со својата стручност, знаење и искуство грчевито се борат за доброто на градот кој упорно се обидува да ги заборави.


Марјан Љамчевски

35 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page