top of page
Search
Writer's pictureАСК Феникс АМС

Предигра

Развојот на кој и да е спорт во сегашните услови на развој на играта, раст на популарноста и се поголемата научно стручна инволвираност во подготовката на играчите, безусловно детерминира организациона поставеност, која може да се поистовети со лансирањето на шатл во вселената. Колку тоа и да звучи изнасилено и нереално, колку и да сакаме ние да го признаеме тоа или не, тоа е навистина така, а како доказ можам само да ја посочам дискрапанцата која е се поочигледна помеѓу првиот ешалон на европски тимови кои организационо, претставуваат монструми, во однос на условно речено послабите тимови од Европа и остатокот на светот.


И не е така само поради тоа што овие големи клубови во своите редови ги имаат секогаш, најдобрите светски играчи, бидејќи сосема е јасно дека по правило тие играчи доаѓаат од послабите клубови, кои колку и да се упорни во настојувањето да ги зачуваат своите играчи, секогаш ја губат таа трка (иако во нивното создавање биле вложени значителна количина на пари и време). Големо прашање е колку тие клубови се способни да ги забележат навремено квалитетите на секој од играчите кои се во нивните редови.



Еве го и одговорот. Речиси никој или да бидам попрецизен никој во тие клубови не е способен да го види и зачува она што го поседуваат. Нивната организациона поставеност е скоро никаква. И ако ,,гигантите“ се спремни во секој момент, да за само еден миг се вивнат во вселената, останатите едвај би можеле да останат на кривулестата патека која самите си ја одредиле (во услови кога безрезервно добиваат различна финансиска поддршка). Се извинувам на начинот на кој ја вршам споредбата но тоа е навистина така. И тоа не само заради големите буџети со кои располагаат најголемите и најуспешни европски клубови (заради тоа што јасно е дека и нашите клубови добиваат значителна финансиска подршка), тоа е во прв ред заради организационата посветеност, знаењето и визијата која луѓето кои се вклучени во работата на тие клубови ја имаат. Ова не е ништо ново, туку само моја констатација на она што секојдневно го слушам и гледам.


Непостоењето на правилна и мошне важно целосна организациона поставеност во секој сегмент од работењето на која и да е спортска организација, порано или подоцна води неминовно до целосено и неизбежено пропаѓање. Парцијалното решавање на проблемите кои се постојано присутни, доведува до се подлабоко тонење не само на клубот и оние кои се задолжени за неговото функционирање, туку и што е уште поважно и пожално, доведува до деградирање и уништување на играчите, и тоа не само на оние кои настапуваат во првите екипи, туку и на сите останати, од најмладите па се до крај. Не помалку болна е и пропаста на брендот кој го носи клубот со себе, а кој некогаш можеби некој успеал да го создаде (ова се однесува во прв ред на клубовите кај нас, кои по правило бележат надолна линија во развојот, кои и покрај политичко финансиската закрила која ја добиваат, заради нестручноста и неквалитетот на луѓето кои ги присвоиле, не успеваат да ги разберат и следат современите начини на функционирање).


Неспособноста за правилна организација на функционирањето на клубот неминовно води до постојани обиди за заобиколување и искривување на правилата на спортското работење и негрижа за играчите, кои во секое време се подложни на уцени, условувања и т.н.


Постојаните обиди за забошотување на правно - економскиот систем, водат до по правило празни банкарски сметки со одамна запалено црвено светло. Губењето на публиката од салите е неминовност и сосема нормална последица, па неретко се среќаваат и доволно дементни „водачи“ на тие клубови кои со проневерените пари плаќаат одредени екстремни сегменти на општеството, кои преоблечени во боите на клубот ја претставуваат божемната публика на тој клуб...



Сте слишнале ли некогаш за ефектот на каскада?


Тоа се случува кога величенственото животно кое е на врвот на синџирот на исхрана ќе биде отсутно извесно време.


Тоа може да е волк или згоден брадест ракометен генијалец. Во негово отсуство, целиот екосистем полудува. Има премногу штетници, дрвјата остануваат без лисја, а во трлото овците добиваат привидна самоувереност. И секако, претеруваат со тоа.


Но нема врска, заради тоа што кога волкот ќе се врати, тој ќе ги поправи работите!


Николче Костовски

78 views0 comments

Recent Posts

See All

Comments


bottom of page