Search
  • АСК Феникс АМС

Ракометен голман

Многу често, кога се зборува за ракометот, се нагласува дека добрите голмани се неопходно потребни за успехот на една ракометна екипа. И тоа е точно, а точно е заради тоа што перформансот на голманите има фундаментално влијание врз перформансот на целиот тим. Ова и не е ништо ново или посебно паметно.


Всушност постигнувањето на голманите може да го донесе тимот на повисоко ниво на функционалност. Во услови на ракометен натпревар со највисоко ниво на перформанс од двете екипи, перформансот на голманите е она што најчесто ја прави разликата. Во натпревари во кои најдобрите играчи во светот шутираат речиси на секои 30 секунди спрема вашиот гол, што во превод значи екстремно висок број на шутеви упатени кон вашиот гол, бројот на одбрани од над 20 по натпревар се наметнува како императив, а дури и во таков случај победата неможе да биде загарантирана.


Ако се погледне статистиката на големите ракометни натпреварувања, тогаш може да се забележи дека најуспешните тимови, секогаш ги имаат најдобрите голмани. Истовремено, ако се погледне статистиката на останатите тимови, тогаш очигледно е дека перформансот на нивните голмани е на значително пониско ниво од голманите на најдобрите ракометни тимови. Па дури и во случаите кога статистиката за сите останати играчи е задоволителна, дури и повеќе од тоа, ниското ниво на перформанс на голманите, значи особен хендикеп за секој ракометен тим.


Но, како може да ја определите позицијата на играчите?


Како и дали може да се претпостави дека некое дете кое напорно тренира, може да биде добар голман?


Денес, генерален тренд во светскиот ракомет е зголемувањето на висината на играчите. Истото се однесува и на голманите. Селектирањето на високи голмани е резултат на генералниот тренд и состојбата наметната од потребата за корелација на атлетските соматотипови и техничкотактичките побарувања на теренот. Голманите мора да ги фаќаат, одбиваат или да ги променат траекториите на топките кои се упатени со особена сила и прецизност спрема нивниот гол. Голманите мораат да ги пресретнуваат траекториите на топките во само неколку мигови, користејќи делови од своето тело (раце, нозе или труп, па дури и глава).


Селекцијата на голманите врз основа на соматотипната категоризација е значаен сегмент во севкупната селкција на голманите. Значи, голманите би требало да бидат високи и да имаат долги екстремитети. Некои од соматските карактеристики се наследно зависни (лонгитудиналните димензии). Тие се важни во процесот на селекција но неможе да бидат подобрени со тренинг. Другите карактеристики, како тежината и телесната градба (форма), може да бидат подобрени и прилагодени преку адекватен тренинг и соодветна исхрана.


Но ова е само еден сегмент од процесот на селектирање и создавање на особено квалитетен голман. Или да бидам попрецизен, соматотипот односно висината и формата на телото се еден дел од целината што се нарекува голман. Мошне значаен дел е голманската техника, односно она што може и мора да биде совладано до совршенство, за да би можело било кој голман без во овој случај пресудно значење на соматотипот, да биде добар и квалитетен.


Од моментот на шутирање спрема голот, до моментот на контактот на голманот со топката, во тие неколку мигови е содржан севкупниот тренинг процес и правилниот начин на селекција. Залудна е селекцијата врз основа на задоволување на соматопнитната категоризација, ако немаа правилна поставеност, ако нема соодветна соработка со одбраната, ако изостанува навремената промена на положбата на телото. Или уште повеќе, неможе голманот да биде добар ако нема соодветно време на реакција и промена на положбата на горните и долните екстремитети.


Да се биде ракометен фолман е привилегија. Но во многу случаи, кога треба да биде направена правилна селекција на ракометните голмани која би требало да биде одраз на знаењето на тренерот, привилегијата често се претвора во проблем за голманите и нивните тренери.


Кога велам дека да се биде ракометен голман е привилегија, тоа навистина и го мислам.


Моето разбирање на привилегијата на ракометниот голман е дека тој/таа може и треба да биде перцепиран/а како индивидуален спортист во екипен спорт.


Се разбира, сите ракометари се индивидуални спортисти со нивни засебни вештини и способности, но голманската позиција е мошне различна, а и придонесот на голманот кон играта е до толку специфичен што препорачливо е да голманот биде третиран како засебна индивидуа во тимот, со засебни бенефити и обврски кои неговата позиција ги носи.



Значи, процесот на селекција на голмани е многу повеќе од само висина и телесна структура (иако тоа е особено значајно).

Улогата на голманот е да брани, да даде сигурност со своите одбрани, да ги спречи невозможните шутеви, а не да трчка по теренот...

7 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook