Search
  • АСК Феникс АМС

СЕ КАЛИ ,,БИТОЛСКИОТ ЛАНДИН,,

15-ШНИОТ ВАЛЕНТИНО ШТАКОВСКИ Е СЛЕДНИОТ ГОЛМАНСКИ БИСЕР ШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД РК ФЕНИКС.


Годинешниот полуматурант Валентино Штаковски веќе три години живее со и за ракометот. Неговата посветеност е толкава што и во сонот е помеѓу стативите.


Валентино Штаковски е новиот голмански бисер на плодниот битолски ракометен расадник. Деновиве наполнува само 15-наесет години а на предиспозициите можат да му завидат многу повозрасни голмани. Со безмалку два метри висина и распон на екстремитетите со кој лесно го покрива секој агол од голот важи за вистински горостаст помеѓу стативите. Вели дека започнал да тренира од пред три години. Денес,нормите се на професионално ниво. Покрај 3-4-рите тренинзи со екипата тој уште толку пати во неделата има индивидуални тренинзи.



,,Со Валентино рабаотам веќе трета година. За кусо време неговиот талент исплива на површина. Неговите предиспозиции се фантастични а згора на тоа љубовта кон овој спорт е преголема. Вистинско задоволство е да се работи со момчето. За некоја година очекувам да блесне на македонската ракометна сцена.“вели тренерот Николче Костовски.


Ако силната желба лесно го совладува напорниот тренинг,сепак да се задоволат страстите потребни се и посериозни финансиски издатоци. И покрај еконимскиве прилики подршката од родителите е постојана:

,,На почетокот желбата ни беше само да тенира за да не посегне по некои од пороциве на денешницата. Но тој толку се посветен на ракометот што дома имаме впечаток дека и во сонот е помеѓу стативите“ вели таткото Оливер Штаковски.



Годинешниов полуматурант едноставно живее со и за ракометната игра. Тој веќе е забележан и од повеќето тренери во градот. Но,додека целосно не се искали вели останува верен на матичниот клуб. Идол му е голманот Ландин. Прва желба му е што поскоро да настапи во еден значаен натпревар пред своите сограѓани и преполнетата сала ,,Боро Чурлевски“ во комбинација барем со некој од неговите актуелни талантерани соиграчи од РК Феникс АМС.



СТЕВЧЕ МИТРЕВСКИ

822 views

© 2019 by ASK Feniks AMS

Ignjat Atanasovski 17 - Vero 4, lokal 3, 7000 Bitola, Macedonia

  • ASK Feniks AMS - Twitter
  • Feniks AMS-LinkedIn
  • Feniks AMS - Facebook