top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Слаби по математика!

Ракометната федерација на Македонија (во текстот понатаму РФМ) во повеќе наврати прекрши одредби од Законот за Спорт поврзани со спортските ваучери. По објавата од Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) за висината на доделените средства на 10 Февруари 2022 година, лавината на реакции за очигледните пропусти (намерни или ненамерни) и поднесената Жалба потпишана од 18 ракометни клубови, РФМ смогна сили и ја објави предлог листата на web страната.


РФМ, која патем се води како најуспешна спортска федерација во државата и за тоа доби ваучер во износ од 15.800.000,00 денари, не ја исполни одредбата од член 14г од Законот за спорт која гласи:



Со ова прекршување ускратено беше правото на спорстките клубови да поднесат приговори на доделените бодови и направеното рангирање од страна на комисијата за бодирање, рангирање и верификација формирана од страна на РФМ во чиј состав беа:

- Сашо Огњеновски,

- Димитар Митревски,

- Јован Василев,

- Ратко Мицев.


Не е нагласено кој е Претседател на комисијата, па по претпоставка бидејќи е прв наведен, тоа бил Сашо Огњеновски. Објавената предлог листа нема податоци за архивска заверка во РФМ туку само своерачни потписи на членовите на комисијата. (https://macedoniahandball.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/Predlog-rang-lista.pdf).


Да напоменам дека останати спортски федерации како на пример Стрелачка федерација, Одбојкарска федерација, Риболовна федерација и други уредно ја спроведоа одредбата од Законот за Спорт објавувајќи ги продлог листите на нивните web страни во предвидениот рок.


По поднесената Жалба (https://sport1.mk/rakomet/domashno-prvenstvo/rfm-potvrdi-18-kluba-se-zhalat-za-parite-od-vaucherite-foto) од 18 ракометни клубови и најавата за бојкот на превенствата (Прва машка лига и Женска супер лига – екипи од Плејаут) РФМ организира средба во Агенцијата за млади и спорт (18.02.2022) на која присуствуваа претставници од клубовите и претставници на РФМ. Директорот на АМС на средбата ги информирал присутните дека единствено место за приговор е РФМ и дека АМС тука нема што да интервенира, со што паднаа во вода тврдењата на РФМ дека немаат никаква врска со бодирањето и рангирањето на ракометните клубови.


Бидејќи „топката“ беше префрлена кај РФМ, истата најави решение на проблемот. Но, како и што беше за очекување, понудено е парцијално решение (на некои клубови се уважени жалбите на некои не), со цел намалување на групата на незадоволни клубови и нарушување на првично прикажаното единство.


РК Феникс АМС Битола, во својата уредно пополнета апликација за спортски ваучер, има освоено вкупно 133 бодови. Комисијата за бодирање, рангирање и верификација на споменатиот клуб му додели 58 бодови. Ќе прикажам само четири ставки од апликацијата, по кои споменатиот клуб освојува далеку над доделените 58 бодови:







Очигледно, комисијата формирана од РФМ за бодирање, рангирање и верификација ги толкувала одредбите од Законот како им одговарало или како им било сугерирано.


Заради очигледниот пропуст на комисијата, РК Феникс АМС Битола, по консултација со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (апликацијата за спортски ваучери е јавна), достави Барања до РФМ за ставање на увид на бодирањето во апликацијата на споменатиот клуб но и на други клубови кај кои постојат сомневања за пристрастност при бодирањето (само да потсетам, членови на клубови во комисијата сами си се оценувале). За исходот од овие Барања, јавноста ќе биде информирана во наредните текстови за спортските ваучери.


РФМ на објавената споредбена листа на која се гледаат податоци за минатите три години а во врска со доделените ваучери, наведува вредност на бод за 2022 година 30.519,00 денари. Очигледно, некој слабо стои со Математика, или пак имаат специјално креирана равенка за одредување на варијабилна вредност на бод во зависност од тоа за кој клуб се работи.


Досега, во повеќе наврати, писмено сме се обраќале за различни намери до РФМ. На ниту еден писмен допис, најдобро рангираната федерација во државата, не вратила писмен одговор. Се користат методи на комуникација преку гласници кои усно ги споделуваат ставовите на истата по поднесените писмени барања.


Крајно време е во 2022 година да се подигне нивото на работа и комуникација во РФМ, да се прикаже вистински професионализам, бидејќи ФЕДЕРАЦИЈАТА ПОСТОИ ЗАРАДИ КЛУБОВИТЕ А НЕ ОБРАТНО.


Проф. Д-р Роберто Пашиќ

177 views0 comments
bottom of page