top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

БИТОЛСКИОТ ,,ФЕНИКС КУП,,ПРЕРАСНУВА ВО ,,ЛЕТЕН САМИТ,, НА ЕВРОПСКИТЕ ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ РАКОМЕТАРИ/КИ

Годинава од 18-22 Август,во Битола ќе се одржи вториот интернационален ,,Феникс Куп,,.Во четири спортски сали се очекува да се натпреваруваат над 20-сет екипи или од 500-тини до 600-тини млади ракометари родени од 2003-2006 година и момчиња родени 2005 година.Организаторот, вели дека ова ќе биде најголемата досега меѓународна манифестација кај нас во колективните спортови.



По, минатагодишниот успешен пилот проект на кој настапија 160-сетина учесници или осум женски екипи од кој шест беа од странство,годинава вториот ,,Феникс Куп,, според интересот го добива епитетот на летен собир на ракометните таленти. Турнирот се прошиува и со учество на ракометните таленти во машка конкуренција родени во 2005 година. Организаторот, очекува петдневниот ,,Феникс Куп,, да биде досега најголемата организиана манифестација во колективните спортови кај нас.


,,Пријавувањето течи и ќе трае до крајот на Јуни. Интересот е навистина голем. Очекуваме, да се пријават над дваесетина екипи или околу 550-десет учесници. Интерес постои и кај талентите од светските ракометни сили. Конечната бројка ќе ја знаеме за неколку месеци. Ова ќе биде една одлична можност и за нас кои работиме со талентите да видиме како се движат потенцијалите и во кој ранг се надежите на досега нашиот најуспешен спорт вели спортскиот директор на ,,РК Феникс АМС,, Николче Костовски.


Епитети кои годат но и даваат големи обврски кои треба да се исполнат. Веќе се обезбедени четири спортски сали а сместувачките капацитети можат да одговорат на бојката на учесници. Останува отвоено прашањето коклав ќе биде бројот на оние кои ќе покажат интерс финансиски да го подржат меѓународниов турнир – Феникс Куп. Минатата година општина Битола пројави симболичен интерес. Ако се суди по тоа што една ваква манифестација значи за градот и државата за очекување е годинава подадената рака да биде подолга а свој интерес да пројават и РФМ, АМС и останатите релевантни фактори во Македонија. Време има доволно да се покажеме како добри домаќини и несебични за организирање на вакви големи манифестации.


Стевче Митревски

747 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page