top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Дали вашата исхрана ја саботира вашата подвижност?

Веројатно ќе се изненадите кога ќе прочитете дека вашата исхрана влијае врз вашата способност за движење:

  • Нутритиентите во храната која ја јадете го помагаат процесот на создавање коскено ткиво, обезбедуваат енергија за мускулите, ги попрваат и замануваат ткивата и обезбедуваат мозочна и срцева активност.

  • Вашата исхрана има своја улога во подигнувањето или намалувањето на ризикот од развој на хронични заболувања, како дијабет тип 2, срцеви заболувања и остеопороза. Сето ова има свое влијание врз вашата општа состојба и способност за активен и независен животен стил.

  • Избалансираната исхрана е важна, но важно е и колу јадете и колку добро ја балансирате и усогласувате внесената количина калории, со количината која ја согорувате и користите за производство на енергија. Да се биде дебел, може да значи отежнато движење и исполнување на секојдневните активности.



Што е клучно за здрава исхрана?

Постојат голем број на книги кои промовираат режими на исхрана за кои се тврди дека ќе ви овозможат слабеење и продолжување на животот.


Но избалансираниот и здрав начин на исхрана е изненадувачки едноставен :

  • Користете повеќе растителна храна која не е или е минимално процесирана.

  • Јадете различни овошја, зеленчуци, зрнести продукти и житарици во текот на целата недела. На таков начин ќе обезбедите избалансиран нутритивен внес.

  • Внимавајте на големината на порцијата. Потрудете се да постигнете рамнотежа помеѓу внесот на калории и нивото на физичка активност...

Ако сакате да знаете повеќе за стимулирање и заштита на вашата способност за движење, преку избалансираниот и правилен начин на исхрана, тогаш препорачуваме да ја прочитате „Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“.

28 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page