top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

КОГА И ЗОШТО ПРОПАЃА СПОРТСКИОТ ТАЛЕНТ?

Предиспозициите се добра основа но не и пресуден фактор во создавањето на врвен спортист, вели современата спортска наука.


И современата спортска наука го претпочита талентот и предиспозициите, но вели дека тоа не е пресудно или доказ дека талентираниот по секоја цена ќе прерасне во врвен играч доколку не се применат правилата и принципите што ги налага современиот спорт. Експертите велат дека почетниот потенцијал на таленти и во минатото и денес се движи на приближно ниво.


„Привилегијата на некогашните таленти беше во условите и начинот на тренирање што главно ја прави разликата и во финалното вреднување. Поранешните таленти можеа полесно да дојдат до израз заради тоа што конкуренцијата беше послаба како последица на тоа што и спортската наука и примената на принципите и правилата што ги пропишува современиот тренинг и стручна работа во клубовите беа на пониско ниво“ - велат од Асоцијацијата за Спортски Консалтинг Феникс АМС.




Состојбата со денешните таленти е видоизменета. Тие и денес се првата мета на тренерите и се барани, но паксата вели дека вистинскиот талент секогаш не успева до крај да го круниса својот потенцијал.


„Талентот има влијание само во почетните години односно во првата фаза на селектирање. Во следниот период истио


т може да се надоградува само со упорна, посветена и стручна работа. Голем е бројот на случаи каде со почитување на овие правила просечниот го стигнал и надминал во напредокот оној што дотогаш го имал епитетот талент“ вели тренерот на РК Феникс АМС Николче Костовски.


Како не помалку важни причини, а во некои случаи дури и поважни за уништувањето на талентот, експертите ги напоменуваат и следниве фактори:


1. Притисокот што опкружувањето го наметнува врз талентот со очекувања за безусловен успех, за разлика од оние „просечните“ кои преку агендата за самодокажување со напорна работа остануваат поистрајни, а со тоа и поуспешни;

2. Социоекономските услови, кои се значаен фактор уште од раната фаза, во насока на креирање на можности за посериозен напредок;

3. Тинејџерските години и носењето на погрешни одлуки во име на спортистите, секако заради недоволна информираност или незнаење...

Постојат уште многу други фактори кои условуваат неуспех и пропаѓање на таканаречените таленти и младите спортисти воопшто – додаат од АСК Феникс АМС.


Но што е она што може и треба да се направи?


Веќе извесно време во АСК Феникс АМС работиме на ново истражување кое ќе го објавиме во книга која ја опфаќа оваа проблематика. Во книгата се обработени и презентирани различни искуства од светот и кај нас, а кои се однесуваат на причините заради кои се појавува „загубата“ на спортистите, но и начините на кои таа загуба или откажувања можат да се сведат на минимум“ - вели Николче Костовски.


Едно е сигурно, за успех неопходна е пожртвувана истрајност и посветеност кон макотрпна работа со цел да не пропадне она што се има како предиспозиција на почетокот, а е еден голем Божји дар.


Стевче Митревски

273 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page