top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Кој ви вели дека мора да бидете среќни?

Дали љубовта е неопходна за нашиот опстанок?


Животните не се впуштаат во љубовни врски, па без проблеми преживуваат.

Кога ќе видете жирафа како трча во саваната, таа не вика по некоја друга жирафа „те молам немој да ме оставиш!“.

Таа бега од лавот и вика „те молам немој да ме изедеш!“.

Само луѓето се способни да љубат, а безусловната љубов е најдобра. Љубовта кон Бога, кон семејството и пријателите и нормално љубовта кон новиот џип.

Љубовта е најдоброто нешто што го имаме. Како што Роберт Бролт напишал „Најди некој што те сака без посебна причина и опсипи го со многу причини!“. Тоа е најдобриот вид на среќа.


Но кој ви вели дека мора да бидете среќни?

Всушност нашите постапки го условуваат нашето чувство на среќа.

Еве на пример во спортот, како држава веќе одамна сме го поминале пубертетот и сеуште не сакаме да прифатиме дека спортот е многу повеќе од само забава, дека спортот не место за лечење на фрустрации и перење на пари (кое и не е така скришно како што си мислите).

Веројатно дојдено е времето за поставување на вистинските прашања.

Еве едно од нив: Какви се нашите спортски организации?

Постојаниот развој и перманентната промена на условите на функционирање на спортските организации, сакале тие или не, неминовно води кон потреба од паралелно еволуирање на начинот на однесување и задоволување на потребите на сигурно најесенцијалниот дел во функционирањето на тие организации. Тоа несомнено е талентот со кој располагаат спортските организации.

Промената на перцепцијата на потребите од страна на талентот, ја потенцира потребата од успешно креирање и имплементирање на талент менаџмент (ТМ) стратегија. Од друга страна промената на начинот на живот воопшто, го прави традиционалниот начин на работење во опкружување од четири sидови, колку и да се тие убаво декорирани, неефикасен и речиси неодржлив.


Ништо помалку значајна е и потребата од обезбедување на што е можно подобри услови за работа и задоволување на потребите на сопствениот талент во спортските организации, за да се обезбеди ненапуштање на организацијата од страна на дефицитарниот талент или талентот воопшто во организацијата.

Се поголемата конкуренција, постојаниот дефицит на квалификуван и квалитетен талент, зголемената свесност и потреби на талентот, реалната потреба од задржување на талентот (за да се избегне недостатокот од талентот), постојано и се посигурно ја презентира и потенцира потребата од ТМ во секој дел од работењето на спортските организации.

И ако сето ова до сега беше реалност и неопходност за развиените земји, колку тоа и да изгледа нереално и во случајов далечно, неопходноста од имплементирањето на ТМ во македонските спортски организации е повеќе од сигурно потребна.

Всушност никоја или речиси никоја од македонските спортски организации барем до сега не успеала да го задржи навистина вредниот талент. Таа битка е веќе одамна загубена.

Она што сите навистина треба да го направат е да се прегрупираат и да се подготват сериозно за второто полувреме, во спротивно ќе е неизбежна загубата на новата генерација на квалитетен талент, а за следната генерација ќе треба да се чека значително подолго и условите за задржување на новиот талент ќе станат значително покомплексни и речиси недостижни, а тоа сигурно ќе доведе до понатамошно слабеење и заостанување зад она што не е ништо посебно и е вообичаено како услов за работење во новиот глобализиран свет.

На сите нас останува да обзбедиме подобри и почесни услови за живот и работа, всушност тоа е во интерес на секој од нас поединечно.

Сега повеќе од кога и да е, доброто менаџирање со луѓето е императив. Во денешното работење базирано на информации, знаењето на луѓето, вештините и поврзаноста, ја претставуват најголемата вредност на спортската организација и главен извор на компетитивна предност...


Николче Костовски

46 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page