top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

НЕКОМПЕТЕТНИТЕ ИЛИ САМОПРОГЛАСЕНИ СКАУТИ ЧЕСТО СЕАТ ЗАБЛУДИ ПОМЕЃУ ТАЛЕНТИРАНИТЕ СПОРТИСТИ.

Според спортските експерти скаутингот е комплексна област. Најцелосна и најадекватна имплементација досга бележи во Америка и европските богати клубови со континуирана традиција во постигнувањето на високи резултати. Кај нас вкавите специјализирани лица можат да се избројат на прсти и оваа област сеуште е недоволно истражена и поставена на цврсти основи. Ваквата прилика ја користат многу самопрогласени скаути кој најчесто само во заблуда ги носат талентираните спортисти.



Без квалитетен скаутинг ниту еден клуб неможе да има јасна и сериозна стратегија за развој и постигнување на високи спортски резултати посебно на меѓународен план. Но, повеќе загрижува тоа што во овие услови се отвора едно широко поле за делувањето на оние квази или самопрогласени скаути. Проф. Др. Роберто Пашиќ нивното присуство го отценува како ,,квази спортски вирус,, од кој најмногу страдаат млади спортисти.


,,Тоа се луѓе кој ја користат актуелната празнина во оваа област. Мислејќи дека лесно ќе дојдат до некаква финасиска заработка влегуваат во оваа авантура. Најчесто, по добиени информации од страна, стапуваат во контакт со родителите и почнуваат да ја плетат приказната како нивниот ангажман може нивниот син/ќерка да го пласира во некој еминентен клуб. НЕ! Сериозните клубови имаат свои скаутинг служби и никогаш нема да се нафатат на работа со такви аматери“ револтирано вели Проф Д-р Роберто Пашиќ.


Од преголемата желба за успех на своето дете родителите често ја прифаќаат фрлената ракавица. Ваквата постапка, по правило наместо успех води до на на талентираното дете.


,,Наместо сигурен напредок, талентот влегува во филм на спортска звезда. Таквите гласини повлекуваат низа аномалии кај него а во некои моменти и несогласици и конфликт со тренерот и матичниот клуб. Но, не е мал бројот на случаи кога квазискаутот се користи и од клубовите кога на талентот од икс причини му се коваат заткулисни игри“ - додава универзитетскиот професор Пашиќ.


Меѓу малкумината професионалци кои на ова поле работи последниве петнаесеттина години е и актуелниот тренер на РК Феникс АМС Николче Костовски, главно со скандинавските земји и клубовите од опкружувањето. „Тешко е да се зборува на оваа комплексна тема но ја почитувам вашата одважност да се поговори за овој сегмент од спортот кој кај нас е сеуште во зачеток, па затоа ќе се обидам преку моите сознанија да образложам некои важни насоки“.


„Скаутингот како дел од развиениот и функционален спортот е општоприсутен и во последно време се посеопфатно применуван. Спортот е најверојатно првиот сегмент од живеењето и работењето на човекот во кој професионално се издиференцирал скаутингот, како професија и засебна дисциплина.

Очигледно и општо прифатено е дека кој и да е спорт или спортска дисциплина, мошне тешко функционира без скаутинг поткрепа. Особено развиен и функционален е скутингот во САД, каде значителен дел од буџетите на клубовите во кој и да е спорт, е наменет за непреченото и квалитетно функционирање на скаутингот. Резултатите се очигледни и повеќе од позитивни и корисни. Во европскиот спорт, скаутингот е особено застапен во фудбалот и кошарката (во ракометот, во делот на имплеметација на скаутинг најдалеку отишле Шпанија, Германија, а во поново време и Франција). Како резултат на успешната работа на скутинг агентите и фунционалната примена на сеопфатен скаутинг процес во спортските организации, манифестно е ангажирањето на спортски таленти уште во најраните години и се поголемиот процент на нивно успешно трансформирање во врвни професинални спортисти.“




Како што вели тој жали што скаутингот недоволно го развиваме и сеуште погрешно го разбираме.


„За жал во македонскиот спорт се чини дека скаутингот сеуште е непознат или не е доволно присутен, барем не во онаа мерка во која е потребно, па неретко се случува да не е до крај јасно дали и кој е скаут, кој е менаџер и слично.“ вели Костовски


Сепак и тој останува на фактот дека ова е една голема тема која и понатаму ке биде предизвик за нашите спортски организации. Апелира барем на почетокот да се застане на патот на оние кои преку лажни ветувања им пркосат на развојот и одредувањето на кариерата на талентите.


СТЕВЧЕ МИТРЕВСКИ

151 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page