top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Нутритивни предизвици на современите спортисти и спортски рекреативци

Во соработка и на барање на Универзитетот Св. Климент Охридски, пред студентите и наставниот кадар, спортскиот консултант и автор на книгата “Основни принципи на исхрана и правилна исхрана на спортисти“ Николче Костовски, одржа предавање на тема “Нутритивни предизвици на современите спортисти и спортски рекреативци“


Одличната посетеност и позитивните реакции од предавањето (кое иако беше предвидено да трае еден час, заради големиот интерес и прашања од присутните траеше повеќе од два часа), значат поттик за понатамошна напорна работа во насока на доразвивање и осовременување на програмите за обуки и спортски консалтинг на АСК Феникс АМС.

За наредниот период предвидени се уште неколку работилници, предавања и советувања кои се дел од различни побарувања и соработки на АСК Феникс АМС.

1 view0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page