top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

Тркало

Тркалото е измислено во неолитниот период, околу 6500 години п.н.е. Па по 8000 години на сообраќајни несреќи, Фред Ланкастер ја измислил сопирачката со дискови.

Набрзо потоа автомобилите започнале да ја добиваат својата вистинска улога... да ги импресионираат женските.

Порано само сакав да се возам со својата девојка. Но потоа дојде време да ја возам дома својата првородена ќерка, синот го возев на првиот тренинг, а најмлата ќерка на пливање.


Но, зошто е важно тркалото во спортот?


Никогаш не би требало спортот да биде разбран како права линија, напротив, тоа е круг, тоа е процес кој има свој почеток и крај кои непрестрајно се надополнуваат и надоврзуваат еден на друг.


Премногу филозофски, нели?


Сите ние мораме да разбереме дека одиме по патека која ќе оформи круг кој ќе биде малечок или поголем, во зависност од нашата подготвеност да целосно се посветиме на она што го работиме.


Всушност, вистината е дека спортот, онај вистинскиот спорт, не признава и не трпи импровизации.



Веќе години наназад е сосема јасно дека индивидуалното тренирање во секој спорт е неопходно за создавање на висококвалитетни спортисти.

Разбирањето дека во колективните спортови и не се потребни индивидуалните тренинзи е непознавање на проблематиката на развивање на претходноспоменатите висококвалитетни играчи.


Всушност, вистината е сосема поинаква.


Каде на друго место, ако не на добро конципирани и конзистентни индивидуални тренинзи ќе може да се посвети неопходното внимание на спортистот, каде ако не на индивидуалните тренинзи ќе може во детали да се подобри целокупната моторика и техниката на спортистот?


Но, дали индивидуалните тренинзи се потребни и препорачливи за секого и во секое време?


Секако дека не.


Онаму каде што постои реална проценака дека може да биде подобрен перформансот на самиот спортист, тогаш се разбира дека индивидуалните тренинзи се неопходен и најефикасен начин за постигнување на поставената цел.

Индивидуалните тренинзи во никој случај не може да бидат насочени кон подобрување на тактиката на тимот, бидејќи тоа е исклучиво тимска задача, тоа е нешто што се прилагодува спрема тимот и го дефинира тимот.

Често се поставува прашањето, дали индивидуалните тренинзи ќе помогнат кон остварување на победа?

Фокусирањето на победите во младинските катергории е кратковидо и неоправдано. Ставањето на индивидуалните тренизи во овој контекст е реално непознавање на суштината на индивидуалното тренирање.

На пример, родителите ги користат победите и трофеите на нивните деца за да изградат подобар статус во општеството и помеѓу своите колеги на работа.

Од друга страна, тренерите сакаат да победуваат заради фактот дека преку победувањето тие добиваат еден вид потврда за нивните тренерски квалитети.

Тоа е неточно и тоа неточно во секој поглед!

Индивидуалните тренинзи со младите спортисти треба да овозможат услови за правилна и напорна работа која скоро безусловно ќе доведе до успех во сениорскиот период од кариерата на спортистот.

Во спортот, развојот на талентот е во тесна врска со индивидуалниот развој на играчот, насочен кон постигнување на целта (да се создаде висококвалитетен спортист), всушност како на пример и во атлетиката како спорт.

За секој кој сака да биде професионалн спортист, целта мора да биде да се постигне сопствен развој кој ќе биде ставен во служба на тимот за кој настапува.

Посветениот спортист скоро и да мора да работи индивидуални тренинзи, фокусирајќи се на подобрување на своите индивидуални способности, независно од другите.

Младите спортисти неопходно е да се усовршуваат и да помогнат во препознавањето на нивниот талент во морето на подеднакво добри спортисти.

Ова значи дека развојот на сопствениот талент подразбира изнаоѓање на начини како преку индивидуалното подобрување на перформансот, да се прерасне во најдобар тимски играч.

Секој вистински спортист мора да настојува да се развие во најдобар индивидуалец, кој со своите способности ќе ја подигне вредноста на мозаикот на тимскиот перформанс.

Успехот на секој спортист поединечно, зависи од неговата беспрекорна техника, високофункционална моторика и избалансираната психичка подготвеност!

Ова е особено важно во колективните спортови, заради тоа што успехот на тимот зависи исклучиво од индивидуалниот перформанс на секој поединец. Тоа значи дека спортистот мора да е индивидуалец кој секогаш работи во функција на тимот.

Се останато е само филозофија и непознавање на основните принципи и норми за развој на особено вредните спортски индивидуи.

Николче Костовски

44 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page