Цената на златото
CIP - Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека
"Св. Климент Охридски", Скопје
613.2:796
КОСТОВСКИ, Николче
ISBN 978-608-65932-1-6
1. Николче Костовски [автор]
а) Обука на спортисти
COBISS.MK-ID 100490506
Рецензија за книгата
,,Цената на златото“
од авторот Николче Костовски
ISBN: 978-608-65932-1-6
Врз основа на барањето за рецензија на ракописот со наслов „Цената на златото“ дело на авторот Николче Костевски, наменет за тренерите, родителите, спортските менаџери, младите спортисти но и сите вљубеници на овој тип литература го доставувам следниов:
ИЗВЕШТАЈ
I. Општ дел
Назив на ракописот: „Цената на златото“ - книга
Област: Спорт - Ракомет
Реден број на изданието: Прво издание
Општи податоци за ракописот:
Ракописот кој е предаден на рецензија содржи 153 страници (формат Б5), напишан на компјутер, со големина на фонтот 12 pt. Текстот е поделен на 10 поглавја (вклучувајќи ја и литературата).
РЕЦЕНЗЕНТ
Проф. д-р Влатко Неделковски
II.Посебен дел од рецензентот:
Ракописот „Цената на златото“ е книга која ги опишува основните поими и проблеми во ракометот. Книгата е наменета за сите оние кои се дел од ракометот како спорт и преку неа авторот се обидува да даде одговор или свое гледање на проблемите со кои се соочуваат клубовите, тренерите, младите спортисти, родителите и сите инволвирани во процесот на откривање, развивање и создавање на идните врвни спортисти и дава свои видувања и решенија за истите.
Првата глава авторот ја посветува на проблемот и директно ја претставува различноста на новите генерации како резултат на новиот начин на живот, кој се темели на технолошкиот развој, а кој како последица го има намалениот движечки и моторен квалитет на денешните деца но пред се социјалниот момент и отуѓеноста едни од други и намаленото ниво на меѓусебна комуникација но и намелената независност и самостојност пред се заради заштитничкјиот однос на родителите кон своите деца.
Втора глава е посветена на мотивацијата како феномен и видовите на мотивација. Посебно е акцентирана важноста на тренерот во овој процес но и на средината како важен фактор за правилна мотивација и задржување на младите спортисти што е можно по долго во конкретниот спорт. Во неа авторот предлага форми и програми кои ќе резултираат со намалување на процентот на откажувања од бавењето со спорт со крајна цел постигнување на врвни резултати во зрелите спортски години.
Во третата глава се разработува долгорочното планирање. Авторот ги разработува фазите од развојот на младите ракометари почнувајќи од основната обука на ракометната техника, специјализацијата и физичката подготовка во подоцнежната фаза на ракометарите и финалната фаза на тренинг на зрелите ракометари во полна натпреварувачка форма. Авторот препорачува долгорочни циклични планови составени од олимписки, макро, мезо и микро циклуси како системско решение на проблемот со континуиран тренинг според предвиден план и програма во зависност од возраста, полот, натпреварувањето и периодот во кој се наоѓа една ракометна екипа.
Во четвртата глава авторот ја разработува селекција како еден од клучните фактори за успешност во спортот воопшто. Детално ги разработува фазите на тренинг и квалитетите потребни за врвен резултат во ракометот почнувајќи од антропометријата, морфологијата, моторичките квалитети, психолошките особини, генетската предиспонираност и енергетските механизми и нивната максимална способност.
Во петтата глава посветена на талентираните спортисти одбрани при правилната селекција се посочени најчестите грешки кои ги прават тренерите во делот на рана специјализација на играчите, силовиот тренинг и инсистирање на резултат за сметка на основната обука и техника.
Тука е разработено и влијанието на родителите и типовите на родители кои секако влијаат и на тренерот и на младите спортисти.
Шестата глава ги објаснува методите како од селектираните талентирани спортисти да создадеме ѕвезди, проблемите и решенијата на тој пат.
Во седмата глава авторот ги анализира психолошките принципи за унапредување на ракометарите. Методите на работа во клубовите во овој сегмент но и разликите кои се појавуваат меѓу машките и женските. Ја наметнува темата на потреба од дополнителни знаења на тренерите мажи кои работат со женски екипи заради специфичноста и различноста на женската од машката психологија, морфологија, физички способности, цели и мотивација во спортот.
Осмата глава зафаќа нај голем дел од севкупниот текст и се занимава со тренингот и видовите тренинг. Авторот се осврнува повторно на мотивацијата и менталниот тренинг, силата, силовата издржливост, координацијата, експлозивноста и други моторни способност.
Дава свое гледање на методите на тренинг и нивната енергетска ефикасност и целисходност со финален осврт на времето за одмор и рекуперација како и на знаците на акутен или хроничен замор како предуслов за моделирање на интензитетот и обемот на тренинг единиците и превенцијата од повреди и претренираност.
Деветтата глава е посветена на начинот како да постигнеме успех во ракометот. Авторот го предлага СТМ методот за избор на таленти и нивен развој пропратен со соодветен скаутинг како ефикасено средство за постигнување на висок перформанс на играчите поединечно и клубот во целина. Во заклучокот ја потенцира не случајната водечка позиција на ракометот во семејството на спортови и предлага мерки за понатамошен напредок и развој на истиот посебно во делот на тренерскиот кадар и спортските тим менаџери.
Оцена на ракописот: Одлична – 10.
Книгата „Цената на златото“, по обемот и темите што ги обработува, одговара на потребите за стручна литература во ракометот и одлично ги обработува насловните поглавја. Сметам дека ракописот и презентацијата на содржините се разбирливи за тренерите, родителите, спортистите и сите оние кои имаат интерес од ваков тип на литература.
Со особено задоволство предлагам книгата „Цената на златото“ да се прифати за печатење. Се надевам дека тренерите, родителите, спортистите и сите оние кои имаат интерес од ваков тип на литература ќе имаат позитивни искуства при консултирањето на истата.
РЕЦЕНЗЕНТ
Проф. д-р Влатко Неделковски
Во Скопје, 8.6.2021 година
Содржина
,,Цената на златото“
од авторот Николче Костовски
ISBN: 978-608-65932-1-6
1 дел
Еве зошто не успевате
2 дел
Мотивација и откажувањето на младите од спортот
2.1. Спортот и личноста
2.2. Типови на спортска мотивација
2.3. Социјалните фактори како детерминанти на спортската мотивација: Однесувањето на тренерот
2.4. Психолошки медијатори
2.5. Откажување од спортот како последица на мотивација
2.6. Мотивациони консеквенци
2.7. Дискусија
3 дел
Долгорочно планирање во подготовката на младите спортисти
3.1. Едукацијата на младите спортисти е предмет на постојан сомнеж
3.2. Која е целта на тренингот на младите спортисти
3.3. Која треба да биде целта на тренерите при работа со младите категории (младите спортисти)
3.4. Натпреварување?
3.5. За време на натпреварот
3.6. Долгорочно планирање ги дефинира целите и насоките на тренирање
3.7. Фази во конструирањето на планот
3.8. Долгорочно оперативно планирање
3.9. Завршни напомени
4 дел
Иницијална и продолжена селекција на талент (талентирани деца) во ракометот (врз основа на избрани морфолошки и моторни параметри)
4.1. Насочување кон деца кои се талентирани за спорт (ориентација кон спортот кој најмногу им одговара)
4.2. Мониторирање и развој на важните антрополошки, тренинг и натпреварувачки карактеристики (селекција)
Таб. 1, Модел на Ориентација и Селекција во Ракометот
Таб. 2, Имплементирање на четири главни развојни стариуми во подготовката на играчите
4.3. Моторни способности и Морфолошки карактеристики
4.4. Модел на иницијална селекција и мониторирање на деца надарени – талентирани за ракомет
4.5. Систем за детерминирање на потенцијален (прогностички) успех во ракометот „ТЕС“
4.6. Факти за правилен тренинг на деца
5 дел
Идентификување на талентот – Развој и проблеми во ракометот
5.1. Пронаоѓање на талентот
5.2. Развој на талентот во ракометот
Табела 3: Основна содржина на долготрајниот развоен тренинг процес
5.3.Проблеми во идентификувањето и развојот на талентот
5.3.1.Родителите во спортот
6 дел
Претворање на талентите во ѕвезди
6.1. Диференцијација во спортот
6.2. Работење со талентите
6.3. Што да се прави?
6.4. Заклучок
6.5. Индивидуализација и индивидуален тренинг
6.6. Периодизација
7 дел
Психолошки принципи во процесот на градење тим
7.1.Зошто ?
7.2.Вклучување на играчите – индивидуални вештини
7.3.Како вклучувањето во тренажниот процес може да доведе до
индивидуален развој?
7.4.Како да ги вклучите играчите во група која ќе игра заедно и ќе
функционира како тим?
7.5.Аналитичка поставеност
7.5.1.Тренерски тим
7.5.2.Аналитички тим
7.5.3.Групирање на играчите
7.6. Половите и блиските лични односи: импликации при тренирањето на женски тимови
8 дел
Тренинг
8.1. Перцепција, донесување на одлуки и просторна свесност
8.2. Ментален тренинг
8.3. Невербална комунуикација – читање на говорот на телото
8.4.Како да тренирате ефикасно
8.5. Подобрување на силата без губење на координацијата
Таб 4: Влијанието на специфичните методи на силов тренинг врз развојот на индивидуалните способности (Schmidtbleicher, 1991).
8.6. Дали интервалните, се поефикасни од континуираните тренинзи?
8.7. Комбинирање на фитнес со технички и тактички содржини на ракометен тренинг
8.8. Телесни индикатори за ден одмор
9 дел
Успехот во ракометот (не) може да биде случаен
9.1. Влијание на Спортскиот Талент Менаџмент (СТМ) врз работата на
спортските организации
9.3. Скаутинг – Потреба
9.3. Заклучок