Спортски талент менаџмент систем
Рецензенти: CIP - Каталогизација во публикација
Проф. д-р Моника Марковска Национална и универзитетска библиотека
Стефан Албрехтсон "Св. Климент Охридски", Скопје
796.072:005.95
Илустрации и графички дизајн: КОСТОВСКИ, Николче
Димитар Петровски Спортски талент менаџмент систем /
Николче Костовски. – Битола:
:Н.Костовски, 2018. - 103стр. : граф.прикази, табели ; 25 см
Библиографија: стр. 96 – 97. – Содржи и: Прилог бр. 1: Анкетен лист
Дизајн на корица и илустрации: ISBN 978-608-65932-2-3
Димитар Петровски 1. Николче Костовски [автор]
Лектор: а) Спортски организации - Талент менаџмент систем
Центар за преводи и COBISS.MK-ID 106129418
лекторирање
на (АСК Консалтинг)
Рецензија за книгата
,,Спортски талент менаџмент систем“
од авторот Николче Костовски
ISBN: 978-608-65932-2-3
Текстот во трудот ,,Спортски талент менаџмент систем“ на мошне прецизен, разбирлив, содржаен и илустративен начин ги претставува идејата, суштуната и визијата за правилна и комплетна имплементација на талент менаџмент систем во организациите, особено спортските организации.
Идејата на авторот е да работењето на спортските организации го претстави и донесе на ниво на секоја друга организација (компанија), што во суштина е реално и сосема нормално. Истовремено, објаснувањето на основните поделби и видови на спортскиот талент менаџмент, целта како и причините кои го прават неопходно потребен за успешно функционирање на секоја организација, дава јасна насока и помош во правилното организирање и работење на спортските организации.
Во овој труд за прв пат во Македонија е дефиниран спортскиот талент менаџмент, како основа за понатамошен развој и предочување на можноста за негова имплементација во спортските организации. За да биде трудот уште покорисен, авторот го опишал и текот на имплементација на спортскиот талент менаџмент, како насочник по кој во суштина би требало да се одвива самиот процес и за него нормално, ги објаснил и факторите кои имаат свое влијание врз користењето и практикувањето на самиот процес, особено обрнувајќи внимание врз културата како фактор.
Зa да се овозможи овој труд да ги задоволи сите неопходни критериуми за да би можел да се оцени како сеопфатен, авторот додал и податоци од спроведено истражување - Практичен дел, во кој со посебно изработени графикони и формулари, дава можност на најнепосреден начин да може да се воочат и исползуваат предностите и придобивките од имплементираниот талент менаџмент во спортските организации.
Работењето на секоја организација, па во таа смисла и на секоја спортска организација е засновано на принципи, норми, критериуми и засебни законитости.
Вообичаено во светот, критериумите, принципите и нормите на работење се на значително високо ниво. За жал дијаметрално спротивна е поставеноста кај нас и тоа во најголем дел од случаите. Вообичаените изговори дека недостасуваат финансии веќе долго време се надминати и очигледно нереални. Она што навистина недостасува се компетенциите и висок степен на правилна организираност.
Од друга страна ако до сега, особено во делот на правилно организирање и функционирање на спортските организации можеше да се зборува за недостаток на стручна литература, тоа веќе не е случај. Трудот кој е пред вас, во целост и сосема пластично ги открива современите начини и можности за имплементирање, примена и функционирање на спортскиот талент менаџмент во организациите. Не дека неговото имплементирање ќе овозможи моментално надминување на постојано присутните проблеми, туку спортскиот талент менаџмент разбран, имплементиран и ставен во функција, по принципи и начини на кои е тоа прикажано во трудов, ќе овозможи правилна организираност, конкурентска предност, можност за создавање на повисока организациска култура и речиси идеална основа за успешното и непречено функционирање на спортските организации.
Трудот го препорачувам за издавање.
Проф. Др. Моника Марковска
ПОЧЕТОК
Постојаниот развој и перманентната промена на условите на функционирање на спортските организации, сакале тие или не, неминовно води кон потреба од паралелно еволуирање на начинот на однесување и задоволување на потребите на сигурно најесенцијалниот дел во функционирањето на тие организации. Тоа несомнено е работната сила, односно талентот со кој располагаат организациите.
Промената на перцепцијата на потребите од страна на работната сила, односно талентот, ја потенцира потребата од успешно креирање и имплементирање на талент менаџмент (ТМ) стратегија. Од друга страна промената на начинот на живот воопшто, го прави традиционалниот начин на работење во опкружување од четири sидови, колку и да се тие убаво декорирани, неефикасен и речиси неодржлив. Ништо помалку значајна е и потребата од обезбедување на што е можно подобри услови за работа и задоволување на потребите на сопствениот талент во организациите, за да се обезбеди ненапуштање на организацијата од страна на дефицитарниот талент или талентот воопшто во организацијата.
Се поголемата конкуренција, постојаниот дефицит на талент со потребните вештини и знаења, зголемената свесност и потреби на спортистите и спортските работници (едуцирани или не), растечката потреба од задржување на талентот за да се избегне недостатокот од талентот, постојано и се посигурно ја презентира и потенцира потребата од ТМ во секој дел од работењето на организациите и за секој тип на организации.
И ако сето ова до сега беше реалност и неопходност за развиените земји, колку тоа и да изгледа нереално и во случајов далечно, неопходноста од имплементирањето на ТМ во македонските спортски организации е повеќе од сигурно потребна.
Всушност никоја или речиси никоја од македонските спортски организации барем до сега не успеала да го задржи навистина вредниот талент. Таа битка е веќе одамна загубена. Она што сите навистина треба да го направат е да се прегрупираат и да се подготват сериозно за второто полувреме, во спротивно неизбежна ќе биде загубата на новата генерација на квалификуван талент, а за следната генерација ќе треба да се чека значително подолго и условите за задржување на новиот талент ќе станат значително покомплексни и речиси недостижни, а тоа сигурно ќе доведе до понатамошно слабеење и заостанување зад она што не е ништо посебно и е вообичаено како услов за работење во новиот глобализиран свет.
На сите нас останува да обезбедиме подобри услови за живот и работа, всушност тоа е во интерес на секој од нас поединечно...
СОДРЖИНА
Вовед
Теорија за Талент Менаџмент
Што е Спортски Талент Менаџмент?
Дефинирање на Спортскиот Талент Менаџмент
Влијание на СТМ врз работата на спортските организации
Новата мисија на скаутингот и спортските талент менаџмент процеси
Потребата од Спортски Талент Менаџмент
Интегрирање на аналитика и метрика во сите аспекти од стратегијата на спортскиот талент менаџмент
Обезбедување на инфраструктура за поддршка на соработката
Разбирање и сметање на варијациите во стратегиите на работна распределба
Обезбедување на подобри можности за развој на талентот
Идентификување на сопствени талент менаџмент приоритети
Менаџирање и дефинирање на компетитивни плати
Создавање и развивање на можности
Методологија на истражување
Предмет - Идентификување на стратегии за Талент Менаџмент,
кон развој на организациски перформанси
Цели на истражувањето: Теоретска, Методолошка, Практична цел
Очекувани резултати
Оправданост и актуелност
Хипотетска рамка
Истражувачки техники и инструменти
Заклучок
Користена литература
Прилог бр. 1
Графикон 1. Однос на ПИП и ПОП во контролираната спортска организација
Графикон 2. Моментална состојба на функционалност на испитуваната спортска организација
Графикон 3. Спортската организација е одлично опремена со потребните средства за работа
Графикон 4. Спортската организација овозможува одлични услови за работа
Графикон 5. Спортската организација води сметка за задоволување на потребите на вработените (играчите, менаџерите и сл.) надвор од професионалниот ангажман (во приватниот живот)
Графикон 6. Целите на спортскат организацијат се усогласени со целите на поединците
Графикон 7. Спортската организација води сметка за индивидуалниот развој и напредок на вработените (играчи, менаџери и т.н.)
Графикон 8. Вработените (играчите и менаџментот) во целост се запознати со стратегијата на спортската организација
Графикон 9. Во спортската организација успешно и навремено се пополнуваат испразнетите места, без при тоа да се почуствува негативно влијание врз функционалноста
Графикон 10. Спортската организација работи постојано на откривање и
привлекување на талент
Графикон 11. Спортската организација има обезбедено услуви за
професионално надградување на вработените (играчите,
менаџерите и сл.)
Графикон 12. Спортската организација води сметка за здавјето на
вработените (играчите, менаџерите и сл.)
Графикон 13. Спортската организација постојано работи на креирање и
развивање на сопствен талент
Графикон 14. Спортската организација успева да го задржи талентот, и го
сведува одливот на таленти на минимум
Графикон 15. Во спортската организација функционира ефикасен систем
за вреднување на перформансот на вработените (играчите,
менаџерите и сл.)
Графикон 16. Спортската организација води постојано сметка и
придонесува за поуспешно вклопување и прилагодување
на новоангажираниот талент
Графикон 17. Во спортската организација во континуитет се вршат обуки,
дообуки и преквалификации
Графикон 18. Спортската организација обезбедува услови и нови начини
за привлекување на талент
Графикон 19. Спортската организација овозможува непречено
мигрирање и прераспределба на вработените (играчи,
менаџери и сл.) во рамките на организацијата
Графикон 20. Спортската организација овозможува и практикува
преквалификација и прераспраделување за оние
вработени (играчи, менаџери и сл.) за кои постои реална
можност да го изгубат местото на кое се наоѓаат
Графикон 21. Во спортската организација работат индивидуи со различна
едуцираност, култура, геогравско потекло, различна
полова и возрасна структура, верски убедувања и сл., а
сепак меѓусебните односи и соработка се на
задоволително ниво
Графикон 22. Спортската организација навремено и ефикасно ги
детектира, укажува и корегира настанатите грешки и
проблеми
Графикон 23. Спортската организација работи на постојано подигнување
на рејтингот како на самата организација (клубот) така и за
секој вработен пооделно (играч, менаџер и сл.)
Графикон 24. Спортската организација воспоставила одлични партнерски
односи со голем број на организации кои во многу
придонесуваат кон реализирањето на стратешките
определби
Графикон 25. Спортската организација ефикасно и прецизно ги користи
неопходните аутсорсинг услуги
Графикон 26. Во спортската организација функционира ефикасен процес
за обезбедување на сукцесија