top of page

Аналитичка база на податоци
ТЕЅ

Најголемиот дел решенија во спортот, одобено во ракометот се базираат врз  парцијални статистички ориентирани алатки, во прв ред насочени кон прибирање на податоци.

 

Посветеноста, знаењето и инвентивноста ни овозможија да создадеме софтвер кој раководи со аналитичка база на податоци , ТЕЅ (Team Evaluation Software).

logo v2.png
Tes PNG.png

TES е софтвер, односно систем кој овозможува детална анализа, на секој сегмент од ракометната игра и ракометот во целина. Овој најсовремен систем, овозможува следење и анализа на ракометен натпревар во живо, преку интуитивен софтвер кој без какви и да е пречки Ве води до јасно изразен, прецизен и конкретен збир на извештаи кои во целост ги отсликуваат реалните случувања.

ТЕЅ е софтверски систем кој е мошне едноставен за користење. Самиот систем дава можност за корекција во секое време. ТЕЅ е поврзан со база на податоци преку која се обезбедуваат неограничен број на детални информации.

ТЕЅ овозможува прецизна анализа и извештаи за поединечни натпревари, цели национални првенства, по сезона или во период дефиниран по желба на клиентот. Сите извештаи се достапни во дигитална, видео и печатена форма.

ТЕЅ е софтверски систем кој го дефинира и надоградува квалитетот и успешноста во ракометот.

TES овозможува прецизна анализа за секој натпревар, првенство и поединец. Повеќе од 40 извештаи, за еден натпревар. Конкретна анализа за секој сегмент од натпреварот, преку прецизни аналитички извештаи, како во дигитална, така и во печатена форма, за:

 

 

New Match

  • Следење и анализа на ракометен натпревар во живо. Прецизен увид за она што се случува на теренот. Помагало кое максимално ја олеснува работата на стручниот тим, играчите, новинарите и официјалните лица. Статистиката која се добива во живо, овозможува детален увид и контрола на актуелниот перформанс на секој играч пооделно. Посебните опции за предупредување и контрола на настаните, обезбедуваат регистрирање на секој настан, и навремено реагирање во текот на натпреварот. Обезбедете си целосна контрола на натпреварот и секој играч пооделно, преку целосната статистика во реално време. Со ТЕЅ можете да го регистрирате секој настан во текот на натпреварот во реално време, а системот ќе ви овозможи добивање на прецизни аналитички извештаи. Со ТЕЅ имате можност да добиете увид во реално време на сите удари од 7 метри,/ сите направени фаули, кој кога и врз кого направил фаул,/ колку пати и кога се досудени исклучувања, жолти картони,/ кој, кога, каде и колку голови постигнал,/ колку технички грешки се направени, кој и каква техничка грешка направил,/ кој, кога, како и колку пати шутнал, од која позиција шутнал,/ каква е способноста за транзиција на секој играч пооделно, каква е транзицијата на тимот во целина, / колку пати бил досуден пасивен напад, кој најчесто заборавал на времето,/ кога и какви замени биле направени и колку често,/ како и кога тренерите побарале тајм – аут, /колку често бил побаран судиски тајм-аут, имало ли некои непредвидени настани и казни и кога се случиле тие,/ ова и уште многу, многу повеќе. Се на едно место, во реално време и буквално со само неколку кликнувања.

10 ingame begining.jpg

Individual Player Statistic

– збир на извештаи кои на прецизен и детален начин го отсликуваат преформансот на секој играч поединечно.

34 Individual player statistic.jpg

Player Quality by Position

– групирани детални извештаи, дефинирани во време и позиција, кои на најсликовит начин го претставуваат преформансот на секој поединец пооделно, за секоја дефинирана позиција.

Player quality by position.jpg

Team Summary Statistic

– Збирна статистичка анализа на перформансот на тимот во целина, претставена во низа на детални извештаи.

Team summary statistics.jpg

Defence Game Overview

– преглед на перформансот во одбрана, дефинирани со време, позиција и поединци. Која одбрана е употребувана најдолго? Кои играчи учествувале во користените одбрани? Колку пати одбраната попуштила? Кои се силни, а кои слаби страни на конкретна одбрана? ... Одговорите на овие и на уште многу други прашања ќе ги добиете преку деталните извештаи содржани тука.

Defence game overview.jpg

Offence Game Overview

– преглед на перформансот во напад, дефиниран со време, позиција и поединци. Како најчесто се играло во нападот? Кој и како учествувал во нападот? Кои се силни, а кои слаби стани на нападот? Колку пати и на каков начин нападот бил успешен?... одговорите на овие и на многу други прашања ќе ги добиете преку конкретниот збир на детални извештаи содржани тука.

Offense game overview.jpg

Goalkeeper Details Report

– збир на извештаи кои во детали го презентираат перформасот на голманите. Преку овие прецизни аналитички извештаи се добива конкретен увид во силните и слаби страни на голманот во најситни детали. Вистинската слика за еден голман се добива токму преку овие извештаи!

Goalkeeper reports.png

Load Match

  • Анализа на предходно зачуван натпревар, со опција за прегледување на снимка од натпреварот, преточена во конкретен дата запис и можност за корегирање на пропусти и грешки. Се што се случувало во конкретен натпревар собрано и аналитички претставено на едно место. Оваа опција го прави ТЕЅ основно помагало за стручна и прецизна анализа на натпревар. Ова е всушност само дел од сопствената база на податоци, која ТЕЅ системот ја креира за вас. Податоци достапни само за вас, во секое време и на секое место. Уредно зачувани, секогаш достапни податоци, групирани во засебни целини и прецизно издвоени, детални извештаи. Се на едно место, секогаш достапно за вас.

Load match.png

Teams

  • Комплетна база на податоци за сите тимови кои се од интерес за Вас. Секогаш достапна, детална база на податоци, со прецизно издиференцирани податоци за секој член на тимот пооделно и за тимот во целина. Нема веќе потреба од истражување, со ТЕЅ се' е пред вас и достапно со само еден клик.

Teams.png

Officials

  • Официјални претстаници на натпреварите, судии, контролори, и сите останати. База на податоци која ќе ви овозможи да ги познавате сите. Кој и од каде доаѓа, кое е неговото CV. Дознајте се и за сите со само еден клик.

Officials.png

Statistics

  • Збир на конкретни детални статистички извештаи. Уредно зачувани и секогаш достапни извештаи, кои во секој момент ќе ги дадат вистинските одговори кои ви се потребни. Ова е дел од TES кој ги содржи одговорите на сите ваши прашања. Се и секогаш достапно со само еден клик.

(pressed statistics).jpg
Reports1.jpg
Reports.jpg
bottom of page