top of page
Search
  • Writer's pictureАСК Феникс АМС

РК ФЕНИКС АМС Е МОЈАТА НЕЗАБОРАВНА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА ПРИКАЗНА ВЕЛИ НИКОЛА МИТРЕВСКИ

Со РК Феникс АМС уште како голобрадо момче започнуваат и првите мои меѓународни настапи и тоа не било какви туку меѓународни натпревари кои се запишани во аналите на големите меѓунарони младински турнири, натпревари на кои скаутите ги препознаваат идните европски ракометни звезди вели сега репрезентавниот голман Никола Митревски кој со мислите и спомените се враќа петнаесеттина години наназад:



,,Во 2005 година со РК Феникс АМС запишавме убава историја за македонскиот младински ракомет. Помеѓу повеќе од 20 000 учесници стигнавме до полуфинале на меѓународниот ракометен турнир во Шведска ,,Partille Cup“ кој важи за најмасовен и најквалитетен младински ракометен турнир во светот. И не само тоа, бевме првата македонска младинска екипа кој настапила на овој престижен турнир. Под водство на тренерот Николче Костовски нанижавме осум победи и само еден пораз.Тоа беа натпревари на кои паѓаа екипи со големо реноме и големи буџети. И кога сите не видоа како главни фаворити за финалето ни се случија тие фамозни повреди кај повеќе клучни играчи и мораше да се задоволиме само со полуфиналето, за кое сметам дека беше голем успех за младите битолски ракометари“ вели Никола Митревски.


Сон кој се сонува само еднаш на таков турнир.

На прашањето на што се должеше успехот си одговорив откако станав професионален ракометар и променив многу ракометни средини додава ,,ракометната мачака“:


,,Увидов дека уште од тогаш во РК Феникс АМС се применуваат скандинавските принципи на ракометна школа која е најсилна во светот. Се работеше со примена на сите потребни реквизити и справи за еден издржан тренинг процес, а сето тоа пропратено со голема дисциплина и посветеност кон исполнување на задачите“ вели во вториот дел од своето видео обраќање македонскиот интернационален голман.


Посветената работа носи и високи дострели, потврда за тоа е самиот тој кој сега зад себе има светски и европски првенстава со репрезентацијата, а со повеќе клубови учество во сите европски купови и во најелитната лига на шампиони. Тоа е голманот на кој денес рака му подаваат европските ракометни гиганти, но и човекот кој останал верен на својата скромност и желбата да се создаваат нови македонски ракометни звезди.


Вели дека посебно е задоволен што сега на голманската позиција на РК Феникс АМС е 15-сет годишно момче кое смета дека не случајно го добил епитетот ,,Битолскиот Ландин“ и на кого му предвидува блескава ракометна иднина.


На крајот тој вели дека оваа машка младинска ракометна гарнитура на РК Феникс АМС го потсетува на неговата генерација. Забележал дека на повеќето позиции играат момчиња со прекрасни пердиспозиции.


Пораката до раководството на клубот е да останат доследни на својата посветеност кон создавање на нови успешни ракометари/ки, за свое и за доброто на македонскиот ракомет.

СТЕВЧЕ МИТРЕВСКИ, ВО СОРАБОТКА СО СЕКТОРОТ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ ПРИ РК ФЕНИКС АМС

349 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page